Македонка прослави 23 години брак: „Бракот не е бајка. Тој е борба, аутизам, соочување со најтешки животни искушенија“

​„Низ годините, животот нè стави пред искушенија што би скршиле многумина. Соочувањето со дијагнозата на нашиот Леон и неговиот свет на аутизмот, тешката борба за чекорите на нашата Андреа, неизвесноста во моментите кога ја допревме најтемната точка... Сè што поминавме беше лекција по психологија на животот, која не се учи во ниедна книга“, вели Амела од Скопје со емотивна објава за 23-тата годишнина од брак со саканиот Дејан.

makedonka-proslavi-23-godini-brak-brakot-ne-e-bajka-toj-e-borba-autizam-soochuvanje-so-najteshki-zhivotni-iskushenija-01.jpg

Амела Мемиш Апостоловска. психолог прослави 23 години брак со сопругот Дејан. Таа отворено проговори каква борба е да се изоди овој пат, со сите животни предизвици притоа, и да се остане заедно.

Нејзината емотивна објава гласи:

„Бракот не е бајка. Тој е 23 години борба, аутизам, соочување со најтешките животни искушенија и љубов која одби да се откаже.

Дваесет и три години брак!

Многумина гледаат годишнина, а јас гледам една цела епопеја на преживување и растење. Нашиот брак не беше приказна од филм, нашиот брак беше тврдина изградена во сред бура.

makedonka-proslavi-23-godini-brak-brakot-ne-e-bajka-toj-e-borba-autizam-soochuvanje-so-najteshki-zhivotni-iskushenija-02.jpg

​Низ годините, животот нè стави пред искушенија што би скршиле многумина. Соочувањето со дијагнозата на нашиот Леон и неговиот свет на аутизмот, тешката борба за чекорите на нашата Андреа, неизвесноста во моментите кога ја допревме најтемната точка комата...

Сè што поминавме беше лекција по психологија на животот, која не се учи во ниедна книга.

Нашите деца се нашите херои, нашите ангели. Тие нè научија на трпение кое нема граници и на љубов која не бара совршенство, туку присуство.

Гледајќи ги нив, научивме дека „нормалното“ е само концепт, а вистината е во борбата и во несебичното давање.

makedonka-proslavi-23-godini-brak-brakot-ne-e-bajka-toj-e-borba-autizam-soochuvanje-so-najteshki-zhivotni-iskushenija-04.jpg

​Благодарна сум до Бога што ни даде сила да не се откажеме. Благодарна сум што кога сè се чинеше изгубено, ние се држевме за раце.

Дипломатски гледано, нашиот успех не е во материјалното, туку во фактот што по сè, останавме сојузници.

Пред 23 години ја почнавме оваа приказна. И денес, пред Бога и пред нашите деца, повторно би го избрала истиот пат со сите предизвици, со секоја солза и со секоја победа.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Како изгледа денес внукот на Тоше Проески? На светот не постоеше личност што Тоше Проески повеќе ја сака од неговиот внук К...
Нашиот тату артист Горан Миќиќ направи тетоважи уметност во САД „Ова не е само патување низ Америка. Ова е патување низ уметноста, идентитетот и...
Нашиот фризер Октај Сејди за средбата со Хајди Клум во Париз: „Ми пријде и ми кажа дека сме исто обл... „Додека јадев во ресторан после ревијата, одеднаш погледнав случајно пред мене и...
Дарио Ивановски: „На 18 години победив на трка во Кичево и освоив бик - го продадов за да си купам а... „Ме седнува менаџерот и вели: 'Во Кичево имаат традиција старите селани, се...
Денес почнува божиќниот пост – кои денови се јаде риба, кога се пости на вода и од што да се откажет... Божиќниот пост ќе трае 40 дена, односно од 28 ноември до 6 јануари, во овој пери...

Најчитани неделава