Лила и Анабела како сестри во кафеана во Белград - Лила игра, музика ѝ свири на уво, близок пријател е со неа
- Детали
- вторник, 23 јуни 2026
Лила и Анабела се прегрнуваат, играат заедно и уживаат додека музиката им свири на уво. Со нив е и бившиот сопруг на Анабела, со кој се разведе во 2019-та поради алкохолизам, а сега се повторно заедно и во добри односи. Кој близок пријател ја придружуваше Лила?

Лила Филиповска периодов престојува во Белград со својот пријател, стилистот Зоки Давитков.

Таму беа на вечера во една позната српска кафеана со пејачката Анабела и нејзиниот некогашен сопруг Андреј Атијас, со кој и денес е во добри односи, а некои српски медиуми тврдат и дека живеат заедно.


Инаку, парот беше во брак од 2012 до 2019 година, заедно ја добија ќерката Бланкица (13), а се разведоа наводно поради проблемите со алкохолот на Андреј.
Стара фотка од Анабела и Андреј
Инаку, Анабела има уште две ќерки, покрај Бланкица, од претходен брак, Нина и Луна, а за Луна Џогани во една пригода изјави:
„Жал ми е што не уживав повеќе во нивното растење, човек дури подоцна сфаќа колку малите работи биле најголемите.
Не велам дека сега не уживам, сакам да ја гледам Луна како секој ден расте и како жена и како мајка, се радувам на нејзините нови успеси, а допрва ќе има уште многу од нив“.

