Aфроамериканка, мажена во Скопје од 2018-та, за првпат ги пречекува родителите: „Мајка ми ја знае Македонија од Библијата“
- Детали
- среда, 24 јуни 2026
Емакулате Вандера Блажеска во име на љубовта живее во Македонија од 2018 година, но за првпат нејзините родители ја посетуваат тука, сега во 2026-та. Водителката од STARS ТВ шоуто вели: „Поминаа години, но сега кога се пензионирани моите родители конечно го остваруваат ова патување во Македонија“.

Емакулате Вандера Блажеска e девојка од Кенија која љубовта ја доведе во Македонија. Oд 2018 година живее во Скопје со својот сопруг Михајло, со кого ја има и ќеркичката Дариа.


Веќе имаме разговарано со неа за тоа кои ѝ беа првите впечатоци за Македонија и како ѝ изгледа животот во Скопје (прочитајте ТУКА), но потоа со своите забавни видеа таа стана ѕвезда на социјалните мрежи, а сега веќе ја гледаме и во улога на водителка на нашите ТВ екрани.

Таа има своја рубрика во STARS ТВ шоуто.
Но, сега Емакулате ги живее најсреќните денови, бидејќи нејзините родители за првпат пристигнаа во Македонија.

Таа на Инстаграм објави емотивно видео снимено пред да ги пречека и додека ги пречекува на аеродром и напиша:
„Здраво дечки, знаете што?
Моите родители првпат доаѓаат во Македонија... Поминаа години, но сега кога се пензионирани конечно го остваруваат ова патување.

Мајка ми ја знае Македонија од Библијата и е многу религиозна, па затоа ова патување е особено значајно за неа“.



Кликнете на видеото од пречекот на аеродром:
Инаку, Емакулате е во брак со тату артистот Михајло Блажески:
С. С. | Црнобело