Хит-видео од пред 10 години: Антониа и Мартија слатки тинејџерки на почетокот на кариерата, пеат во дует
- Детали
- четврток, 25 јуни 2026
Пред крајот на емисијата која е снимена пред цели 10 години, тие почнуваат да ја пеат во дует песната „А можевме“ од Елена Ристеска, без да знаат дека водителот Жарко Димитриоски им ја носи Елена како изненадување.
Антониа Гиговска и Мартија Станојковиќ денес се едни од најпопуларните пејачки кај нас, кои зад себе имаат успешна кариера, многу хитови, спотови, огромна публика.
Антониа неодамна промовираше албум, а и Мартија најавува дека наскоро би можела да промовира нова песна, па дури и носач на звук.

Двете девојки, кои денес се вистински млади музички ѕвезди, ја почнаа кариерата заедно, натпреварувајќи се во шоуто „Пинкови ѕвездички“.
И додека собираа гласови од публиката од регионот и се бореа за што подобар пласман од круг во круг, тие имаа огромна поддршка и „дома“.

А таа дојде и преку гостувањето во емисијата „Еден на еден“, каде што двете беа гостинки истовремено.
Пред крајот на епизодата, која е снимена пред цели 10 години, тие почнуваат да ја пеат во дует песната „А можевме“ од Елена Ристеска, без да знаат дека водителот Жарко Димитриоски им ја носи Елена како изненадување.

Па кога среде песна таа излегува да запее со нив, на Мартија ѝ се озарува лицето, а и Антониа не крие дека е среќна.
Видеото од изненадувањето што им го подготви Жаре е хит на социјалните мрежи.
Антониа и Мартија, и тогаш биле прекрасни, со минималистичка шминка, облечени во фармерки и бели блузи.

Погледнете го ретро видеото кое буди вистинска носталгија:
А. Ј. | Црнобело