Верица од Струмица, македонската Барби: „Сопругот ми вели ‘како сакаш душо’, на патувања си ангажирам фотограф по 2-3 часа“
На тема кој фотоапарат го користи за своите фотографии на патувања вели:
„Кога патувам, не сакам да оптоварувам никого да ме фотографира затоа што најчесто нема да ми се допаднат фотографиите, а тоа ќе ми го расипе расположението.

Затоа однапред закажувам фотограф за 2–3 часа и менувам 8–9 комбинации на облека.

Поради тоа на повеќето објави имам иста фризура и шминка... Буквално се фотографирани во еден ист ден!“

На прашањето: „Како можам да ослабам и да одржувам фигура како твојата?“, Верица на следбеничка на Инстаграм ѝ одговара:
„Прекрасни девојки, се надевам дека сите ќе ја научите уметноста на тоа како максимално да го искористите својот изглед!

Кога ќе престанете да го споредувате вашето тело со нечие друго, кое е сосема различно од вашето, и кога ќе почнете да работите со она што го имате и да го извлечете максимумот од тоа, тогаш работите се менуваат.

Никој не е совршен. И јас имам свои предности и недостатоци.

Знам што е посебно и впечатливо кај мене и го истакнувам тоа. Знам кои ми се недостатоците и работам на она што може да се подобри. Знам што може да се поправи, а што не.
