Ирена Спировска наполни 52 години - го покажа извајаното тело во бикини, изгледа совршено во шестата деценија
- Детали
- петок, 26 јуни 2026
„Добредојдовте 52“ напиша една од најомилените водителки кај нас и со видео во бикини, откри дека слави роденден.

Водителката Ирена Спировска наполни 52 години, и некако традиционално, роденденот го прослави на море.
Овој пат таа е на островот Скијатос во Грција.
Таа на својот Инстаграм објави видео во сини бикини, додека излегува од морето, и како позира на плажа, па го покажа и извајаното тело во шестата деценија.
„Добредојдовте 52“ напиша таа.

А освен роденденските честитки, доби комплименти и за својот изглед со кој плени.
Спировска отсекогаш важела за една од најубавите и најзгодни Македонки, а многумина велат дека токму таа им е омилената водителка.
Кликнете и погледнете го видеото:
Повеќе фотографии од Ирена:
А. Ј. | Црнобело