Џокси се присетува на младоста со Владо Јаневски: „Нè нарекуваа чаирски романтичари, делевме хотелска соба на фестивал“

„Со Владо се запознавме на почетокот од осумдесеттите години. Заедно со Роберт дојдоа кај мене и ми понудија да отпеам нивна песна. Со задоволство им излегов во пресрет и песната ја снимивме за потребите на Македонското радио. Сепак, не можев да ја прифатам нивната понуда да станам нивен пејач, бидејќи во тој период заминував од Македонија“, пишува во објавата на Џина Папас Џокси за деновите од младоста кога се дружел со Владо Јаневски.

dzhina-papas-dzhoksi-se-prisetuva-na-mladosta-so-vlado-janevski-ne-narekuvaa-chairski-romantichari-delevme-hotelska-soba-na-festival-01.jpg

Македонската јавност се збогува со Владо Јаневски, а скоро сите од македонската естрада споделија емотивни објави во чест на музичката легенда.

Меѓу нив е и Џинас Папас Џокси кој откри детали од младоста и периодот кога со Владо и двајцата ја граделе својата музичка кариера.

Откри дека се познавале уште на почетокот на 1980-тите и иако последен пат се виделе во 2010-та, почитта меѓу нив никогаш не исчезнала.

„Нè нарекуваа 'Чаирските романтичари', поради песните што ги создававме во тоа време, седејќи на Камчето зад зградата, со гитарите во раце. Тоа беа години исполнети со музика, соништа и искрени пријателства.

Со Владо се запознавме на почетокот од осумдесеттите години. Заедно со Роберт дојдоа кај мене на улица 'Крсто Асенов' бр. 10 и ми понудија да отпеам една нивна песна, која, ако добро се сеќавам, се викаше 'Ајша' или нешто слично.

Со задоволство им излегов во пресрет и песната ја снимивме за потребите на Македонското радио. Сепак, не можев да ја прифатам нивната понуда да станам нивен пејач, бидејќи во тој период заминував од Македонија.

На почетокот од деведесеттите повторно се сретнавме и дружењето продолжи, но веќе во поинакви околности – како колеги на македонската естрада.

Владо беше со 'Ластовица', а јас ја градев мојата соло кариера. Во 1995 година дури делевме и иста хотелска соба за време на Интерфест во Битола.

Со текот на времето, кога Владо започна самостојна музичка кариера, како да се променија некои негови животни навики.

Стана многу поповлечен, целосно посветен на музиката и кариерата. Тоа му донесе големи успеси и заслужено место на македонската музичка сцена.

Фотографијата што ја споделувам е направена во 2010 година на улица Македонија, заедно со Роберт и Владо. Тоа беше нашата последна средба и последната наша заедничка фотографија.

Почивај во мир, Владо. Ќе останеш запаметен преку твојата музика и спомените што ги остави зад себе“.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Лавина мина над мене, бегав од мечка“ - Ирина Камилоска за најопасните моменти од планинарењето Ирина Камилоска, која често знае да каже дека ѝ недостига искачувањето планински...
Дарио Ивановски: „На 18 години победив на трка во Кичево и освоив бик - го продадов за да си купам а... „Ме седнува менаџерот и вели: 'Во Кичево имаат традиција старите селани, се...
Берберот Ерко за борбата на ќеркичката со леукемија: „Беше страшно да се гледа низ што минува во бол... Познатиот бербер од Скопје Ерко раскажува за најтешката битка, а зборовите нема ...
Елвин, иден онколог од Штип, ја изгуби мајка си од рак: „Нејзината најголема грижа додека беше болна... „Мајка ми ја водеше најтешката битка во животот — битката со канцерот. Но, не са...
Трогателна исповед на маж (39) од Велес, кој бил жртва на педофил, но и жртва на семејно насилство о... „Ти се свиѓаше силувањето а? Уште сакаш а?“ рекоа троловите зад скриените профил...
Сопругата на Бојан Чунде, кој по скок од педалинка во Охрид останал во количка: „Верував дека тој ќе... „Притисок лично јас не чувствував, затоа што јас никогаш не мислев дека тој ќе о...

Најчитани неделава