Слаткар скршен од смртта на Владо Јаневски, цела ноќ објавува стихови од негови песни: „Замина најголемиот македонски поет“
- Детали
- понеделник, 29 јуни 2026
„Замина Владо Јаневски, еден од најголемите македонски поети на 21 век. Неговите стихови и песни ќе живеат засекогаш. Вечна му слава“, напиша Слаткар, а потоа објавуваше стихови од песните на починатиот музичар.

Смртта на Владо Јаневски ги затекна во неверување неговите колеги и фановите, кои четири децении живееја со неговите песни.
А Владо беше повеќе од само пејач и текстописец. Тој беше вистински поет кога беа во прашање текстовите што ги пишуваше и песните што ги пееше.
Секој збор, секоја буква беа совршено осмислени, и затоа скоро сите денес се и хитови, но и евергрини.

Токму тога го покажа и Слаткар, во своите објави на Инстаграм. Скршен од болка по смртта на Владо, тој најпрво објави негова фотографија, а потоа, цела ноќ на Инстаграм Стори објавуваше стихови од неговите песни.
„Замина Владо Јаневски, еден од најголемите македонски поети на 21 век. Неговите стихови и песни ќе живеат засекогаш. Вечна му слава“, напиша тој.
Погледнете кои стихови од Владо ги издвои Слаткар за да му оддаде почит на починатиот пејач:





А. Ј. | Црнобело