Дац и Александар емотивно се простија од Владо Јаневски на настап: „Уметниците сакаат да бидат испратени со аплауз“
- Детали
- среда, 01 јули 2026
„Уметниците, воопшто глумци, пејачи, сакаат да бидат испратени со аплауз. Па наместо минута молчење, јас сакам еден аплауз за Владо Јаневски“, вели Дац, па и самиот почнува да аплаудира во чест на починатиот пејач.

Вчеравечер дуото Александар Митевски и Драган Спасов Дац имаа настап во познат скопски локал, а една од песните му ја посветија и на починатиот кантавтор, музички поет и пејач Владо Јаневски, кој почина на 65 години.
Како најава за песната од Владо, Дац побара аплауз од гостите во локалот, за сите заедно да се простат и да му оддадат почин на Јаневски.

Со многу емоции, тој вели:
„Човекот којшто ќе се памети многу долго, затоа што навистина оставил голем траг.
Уметниците, воопшто глумци, пејачи, сакаат да бидат испратени со аплауз.
Па наместо минута молчење, јас сакам еден аплауз за Владо Јаневски“.

По ова и тој самиот почнува да аплаудира.
Видеото од емотивниот момент Дац и Александар го споделија на своите социјални мрежи.

Вчера и фановите на Владо се простија од омилениот пејач, собирајќи се пред арената „Борис Трајковски“, каде што пееја негови песни, запалија свеќи и му оддадоа почит.
Погребот на Владо е денес (01.07), на гробиштата во Бутел во Скопје.
Кликнете за да го погледнете:
А. Ј. | Црнобело