Слаткар 4 месеци по трагедијата во Кочани: „Не можев да спијам со денови, па јас 8 пати сум настапувал во тоа диско“
- Детали
- среда, 16 јули 2025
„Јас сум пеел во тоа место 8 пати, јас сум им пеел на тие деца таму. Да, мене ми беше тешко за музичарите, но ми беше тешко и за тие деца. Тоа се деца што не им почнал животот. Мене тоа ми беше толку страшно...“, ја започнува својата емотивна исповед Слаткар. Денес (16.07) се навршуваат 4 месеци од една од најголемите трагедии во Македонија.

Денес (16.07) се навршуваат 4 месеци од трагедијата во Кочани, каде за време на настап на ДНК во дискотеката „Пулс“ избувна пожар и имаше многу жртви.
Ана Костадиновска, која таа вечер беше во улогата на придружен вокал и успеа да ја преживее несреќата, на Инстаграм се потсети на своите соработници и на болката што не поминува.

Таа сподели фотографии од членовите од бендот, како и од нејзината колешка Сара Пројковска со која настапуваа како придружни вокали на многу наши пејачи.



Сега, и Марко Маринковиќ Слаткар во своето гостување во емисијата „Животна приказна“ на Здравкица Милиќ проговори за овој трагичен настан.

Слаткар за пожарот во дискотеката „Пулс“ вели:
„Па, јас сум пеел во тоа диско 8 пати. Види, јас не сум бил близок со нив (ДНК), но го работам истото, настапувам во истите места.
Јас сум пеел во тоа место 8 пати, јас сум им пеел на тие деца таму. Да, мене ми беше тешко за музичарите, но ми беше тешко и за тие деца.
Тоа се деца што не им почнал животот.
Мене тоа ми беше толку страшно, баш онака не можев да спијам. Не можев да спијам повеќе од еден час или час и половина во ноќ и тоа со месеци.
Стани, па легни, па размислувам како може ова – не е реално...“
Кликнете на видеото:
С. С. | Црнобело