Слаткар со емоции зборува за Владо Јаневски: „Го слушав од 93-та, имаме необјавена песна, се осеќам како да сум изгубил вујко“
- Детали
- четврток, 02 јули 2026
„Со години чувам една песна што ја снимивме заедно. Ја најдов во телефон, толку време прошло дури сум изумил. Ќе ја извадам за неговиот роденден. Владо е човек што го имам слушано од 93-та и никад не сум прекинал да го слушам. И оние последните ствари што му се шлагери, не ми се по мој ќеф, ама сум ги слушал да видам што има шкртнато. Тоа што он го има ставено на хартија, го нема ставено никој“ - Слаткар искрено зборува за односот со Владо Јаневски.

По ненадејната смрт на Владо Јаневски, кој почина на 65-годишна возраст по кратко боледување, сите останаа во неверување.
На собирот пред Арената „Борис Трајковски“ во негова чест, Кристијан Ландов во неговиот подкаст „Претрес“, сподели разговори со повеќе пријатели и соработници на Владо, кои кажаа убави зборови за него.

Таму беше и внукот на Владо, Дејан Стојановиќ, кој откри каков човек бил неговиот вујко, сподели приватни моменти и работи кои досега не сме ги знаеле за „чаирскиот романтичар“, како што многумина го нарекуваа.
Во подкастот гостуваше и Слаткар, кој меѓу многуте други теми, голем дел од разговорот посвети на својот пријател и соработник Владо Јаневски.
Тој откри дека имале и заедничка песна, снимена пред 5 години, но недоработена, за која вети дека ќе ја објави на неговиот роденден, а на Инстаграм сподели краток дел од песната.
„Денес, кога го испративме Владо, сфатив колку работи останале недовршени.
Со години чувам една песна што ја снимивме заедно. Не затоа што не верував во неа, туку затоа што секогаш кога работам со некој што неизмерно го ценам, сакам да го дадам својот максимум.
Постојано мислев дека може уште подобро и затоа ја одложував, убеден дека ќе имаме време повторно да работиме на неа.

За жал, тоа време не дојде.
Ова е само мал дел од песната. Ветувам дека ќе ја довршам и ќе ја објавам на неговиот роденден.
Фала ти за довербата, Владо. Фала ти за сè што направи за сите нас.
Ќе ми недостигаш. На сите ќе ни недостигаш“ - напиша во описот на објавата со дел од снимката.
Во „Претрес“, Слаткар за Владо вели:
„Владо е човек што го имам слушано од 93-та и никад не сум прекинал да го слушам.
И оние последните ствари што му се шлагери, не ми се по мој ќеф, ама сум ги слушал да видам што има шкртнато.
Тоа што он го има ставено на хартија, го нема ставено никој. Сум го слушал 33 години без престан, толку не знам дали сум слушал некого во живот, освен Еминем, Џеј Зи, ама тоа е пократок период, а од 93-та досега никој друг.

Он ми бил како пример за тоа како може да живее една кариера на македонски јазик толку долго.
Секогаш творел овде, секогаш се снаоѓал. Кога ќе им дошол на луѓето преку глава, знаел да се тргне.
Не пател да биде само он и он и секад бил добар музички пример.
Кога се случи ова, кога го изгубивме, беше некако како да сум изгубил некој вујко што ептен сум го сакал.
Мислам дека сите ние што сме го сакале многу, се осетивме така.

А заедничката песна, ја најдов у телефон, толку време прошло дури сум изумил. Мислам дека е пред 5 години направена.
5 години он лево ја десно, ја викам ај ќе влеземе пак ќе ја снимиме, па ќе влезам у студио, па он не е слободен и обратно и така летна време.
Никогаш не очекуваш дека нема да имаш време. Сум си мислел дека песната не е доволно добра дека можеме подобро. Од сè фалеше по нешто.
Со Калиопи кога ја извадивме песната, беше 5-та по ред, ние 4 песни претходно фрливме у канта, зошто не беа доволно добри, зашто премногу ја цениме неа и си викаш ова мора или да биде или да не излага.
