Слаткар со емоции зборува за Владо Јаневски: „Го слушав од 93-та, имаме необјавена песна, се осеќам како да сум изгубил вујко“

Ама сега во ситуацијава со Владо, кога гледаме дека го нема, ми е криво, а од друга страна велам така требало да биде.

Ќе доживее светлост песната, сакам да ја извадам за неговиот роденден, мислам дека е ноември, сакам и верувам дека треба да се слави денот кога се родил, не кога заминал“.

slatkar-emotiven-za-vlado-janevski-go-slushav-od-93-ta-imame-neobjavena-pesna-se-osekjam-kako-da-sum-izgubil-vujko-02.jpg

Водителот го потсети на стих од негова песна: „Страву мој ослободи ме, на рипит ми е Владо, што и да е ќе помине“, за што Слаткар споделува:

„Воопшто не ми текна на тој стих деновиве, колку сум го прател...

Изгледа секоја генерација си има свои херои во музиката, своја потпора, кај што ќе се потпреш кога ти е тешко, да видиш дека не си сам.

Да видиш дека тој лик таму што сјае, го поминал истото како и ти.

Јас мислам дека со Владо растеле и генерациите од 70-ти, 80-ти, 90-ти, но сфатив дека со него растеле и оние од 2000-ти генерации. Многу бил голем.

За мене он е еден од најдобрите текстописци кај нас, на сите времиња“.

slatkar-emotiven-za-vlado-janevski-go-slushav-od-93-ta-imame-neobjavena-pesna-se-osekjam-kako-da-sum-izgubil-vujko-06.jpg

За лошите коментари од луѓето, кои додека бил жив кажувале едно, а сега друго, Слаткар вели:

„Верувам дека секој од нас може да направи нешто и утре да се покае. Не можеш да останеш на ставот од вчера засекогаш. Денес е нов ден. Сите ние се менуваме од ден во ден.

Верувам дека кога се случило ова им текнало дека ништо од тоа не е вредно.

Особено кога си имаш работа со омраза, тоа особено е некој отров, како оганот, никогаш не знаеш кого ќе изгориш, а многупати се гориш и сам.

Верувам дека тоа е еден вид на покајание, не е лицемерие. Ако е за да ме видат луѓето како сум дел од самото стадо и ако не е искрена тага, нема потреба да биде јавно и да се објавува.

slatkar-emotiven-za-vlado-janevski-go-slushav-od-93-ta-imame-neobjavena-pesna-se-osekjam-kako-da-sum-izgubil-vujko-08.jpg

А за луѓето кои биле или не биле на настанот за него... Не може да се замери на сите што не дошле, такво време е, лето, одмори.

Верувам дека за него требаше да се затвори цела улица и да има повеќе луѓе, ама се собра народ.

Он беше стварно многу битен и мислам дека со тек на време ќе ни станува побитен и поважен, ќе гледаме колку бил важен и ќе се оствари оној сон што збореше кај Жаре, дека се осеќал дека не го ценат доволно, ама тоа е со секој јавен лик, кај нас.

Ќе станува поголем и поголем по неговата смрт.

Верувам дека има стихови што ќе останат, он е нашиот нов Рацин.

Јас така гледам на него, исклучително голема фигура е за нас“.

Погледнете ја целата епизода: 

M. M. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Слаткар со солзи во очи, брутално искрен: „Не сакам син ми Моша да пелтечи“ (видео) На прашањето дали има нешто што не успеал да го каже на покојниот татко, одговор...
Позитива на денот: Снеже Велков, во совршен аутфит, со ТикТок танц со Цаки од „Кисми“ на негова песн... „Легендарниот, единствен, неповторлив, Цаки Кисми! Благодарам за овој танц! Жума...
„Јас сум Зоки Малиот од Џубокс - те чекам од некаде да се појавиш“ - Нашиот урбан лик со тон емоции ... „Многу луѓе ме прашаа дали ќе напишеш проштално писмо до Владо и ќе го прочиташ....
Како изгледа денес внукот на Тоше Проески? На светот не постоеше личност што Тоше Проески повеќе ја сака од неговиот внук К...
Внукот на Ефто Пупиноски, а син на Секула, се врати да живее од Америка во Македонија по 22 години -... Тој е син на Секула Пупиноски, починатиот македонски пејач, чија песна „Врати се...
Слаткар на концерт во Банско се дружеше со Јован, кој спаси 20 деца во Кочани: „Со херојот“ Ова не е прва средба на Слаткар и Јован. Кога пред неколку месеци пееше во клуб ...

Најчитани неделава