Фит близначките Душица и Марија на плажа во Хрватска - со сопрузите ракометари, Игор Карачиќ и Кристијан Дисингер
- Детали
- вторник, 07 јули 2026
По 3-дневната свадба во Тоскана, Марија Андоновска со саканиот Кристијан Дисингер, но и сестра ѝ Душица и сопругот, хрватскиот ракометар Игор Карачиќ, традиционално уживаат на одмор на островот Вис.

Германскиот ракометар Кристијан Дисингер и хрватскиот репрезентативец Игор Карачиќ кои заедно во минатото играа за нашиот ракометен првак „Вардар“ љубовта ја најдоа во Македонија, па денес се оженети за сестрите близначки Марија и Душица Андоновски.
Душица и Игор
Марија и Кристијан
Игор и Душица се во брак од 2022-ра година, а Марија и Кристијан стапија во брак во јуни 2023-та, а 3-дневна свадбена церемонија во Тоскана направија ова лето 2026-та.

Сега, поранешните клупски колеги со сопругите одлучија летниот одмор да го поминат на хрватскиот остров Вис, нешто што веќе им стана традиција низ годините.
Душица
Марија
Марија и Душица блескаат во бикини издание, а покрај уживањето на плажа, Игор и Кристијан се трудат да не пропуштат ниту некоја важна фудбалска утакмица од актуелното Светско првенство.

