Хрватскиот ракометар Игор Карачиќ направи бајковита црковна свадба со струмичанката Душица (фото+видео)

„Уште еден магичен танц од соништата, посветен на прекрасните младенци Душица и Игор во прекрасен амбиент, преполн љубов...“, напиша Илма Карахмет која беше задолжена за првиот свадбен танц на парот. За целовечерната забава во Мостар беше задолжен нашиот Драган Темелков, познат како Johnny Live.

hrvatskiot-rakometar-igor-karachikj-napravi-bajkovita-crkovna-svadba-so-dushica-od-strumica-foto-video-01.jpg

Душица Андоновска од Струмица е во граѓански брак со хрватскиот ракометар Игор Карачиќ, некогашен играч на Вардар, веќе една година, а викендов (саботата 25.06) тие стапија и во црковен брак и направија бајковита прослава во Мостар, Босна и Херцеговина.

Песната за првиот свадбен танц им ја отпеа Илма Карахмет, а за целовечерната забава беше задолжен нашиот пејач Драган Темелков, познат како Johnny Live.

Невестата носеше романтична венчаница со долг вел, а младоженецот беше елегантен во црн костим.

За склучувањето на граѓанскиот брак минатата година таа носеше кус фустан, а тој патики.

hrvatskiot-rakometar-igor-karachikj-napravi-bajkovita-crkovna-svadba-so-strumichankata-dushica-foto-video-002.jpgфото: Инстаграм Душица Карачиќ

Душица во описот на една од свадбените видеа напиша:

„Ти благодариме убава Илма Карахмет што овој миг го направи толку специјален за нас. Не можеше да биде поубав и ќе го помниме до крајот на нашите животи. Ти си толку прекрасна, талентирана млада жена и ти го посакувам целиот успех на светот.“

Илма Карахмет исто така сподели видео од нејзиниот настап на свадбата и напиша:

„Уште еден магичен танц од соништата, посветен на прекрасните младенци Душица и Игор во прекрасен амбиент, преполн љубов. Ви благодарам на укажаната доверба, ми беше задоволство да ги споделам овие прекрасни мигови со вас.“

На својот Фејсбук профил сподели видео и Драган Темелков (Johnny Live):

„Ви благодарам Игор и Душица за довербата токму јас да се погрижам за оваа забава. Чест и задоволство ми беше да пеам за вас и ви посакувам многу среќа и радост. Магично беше. Им благодарам на сите пријатели што ни помогнаа забавата да биде на највисоко ниво. Ве сакам!“

Фотографии и видеа од прославата:

Прочитајте и за љубовната приказна на сестрата близначка на Душица - Германскиот ракометар Кристијан Дисингер ја запроси својата девојка - струмичанката Марија Андоновска (фото)

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Игор од Прилеп ја запроси саканата Елена на магична локација покрај езерото Комо во Италија (фото) Игор Јанкоски од Прилеп, информатички инженер, ја запроси саканата Елена Ангелес...
Игор Џамбазов: „Си ја проверував спермата додека бев со Илина, имам понуди од жени да ми родат дете“ „Мажот ми вели: „Со кучиња ли живееш, бе? Камо деца, бе, да правиш?“ Какова...
Градскиот парк во Скопје е сцена од бајка во пролет (фото) Убавината е во очите на набљудувачот, а таков поглед на светот има нашата читате...
Дечко од Скопје: „Бев во локал во Дебар Маало, 2 часа го слушав Игор Џамбазов - зошто ме восхити?“ Јас неретко знам да кажам: „Среќни сме што живееме во време на уметник и шоумен ...
Франц со сопругата и децата ужива на одмор на островот Ана Марија - се наоѓа во Флорида, има бели пе... Совршеното зајдисонце на островот Ана Марија им ги освои срцата на Франц и негов...
Јелена Карлеуша со нов напад против Цеца: „Оди кај гатачки и бајачки со мои фотографии, а тие жени м... „Нејзината опсесија е толкава претпладне кај бајачка, а навечер во храм на молит...

Најчитани неделава