Софија Ѓорчева од Кавадарци се врати со три медали од натпреварот „Математика без граници“ во Несебар
- Детали
- четврток, 09 јули 2026
Победите не доаѓаат случајно. Тие се градат со години труд, упорност и безброј решени задачи.

Младата математичарка Софија Ѓорчева од Кавадарци повторно ја направи Македонија горда, освојувајќи на финалето на „Математика без граници“ во Несебар:
- Златен пехар во најтешката категорија „Ludovico Ferrari“
- Златен медал на тимскиот натпревар
- Сребрен медал на финалниот индивидуален натпревар
До финалето стигна преку четири квалификациски круга, освојувајќи златен медал во секој од нив, во конкуренција на илјадници ученици од 46 држави.
Софија се натпреварува по математика уште од четврто одделение, редовно освојува 100 поени на општинските и регионалните натпревари, има бројни државни признанија и е учесник на Македонската математичка олимпијада.
Таа е и сребрена медалистка на International Youth Math Challenge (IYMC), каде што го постигна највисокиот резултат меѓу сите македонски натпреварувачи.
Нејзиниот успех е доказ дека најголемите соништа се остваруваат со знаење, труд и истрајност и претставува гордост за Кавадарци и за цела Македонија.