Бојана Скендеровски емотивна за синот: „Ми го скрати животот, се препотував во ладната шок соба – сега полни 7 години“
- Детали
- вторник, 14 јули 2026
„Тој 14/07/2019 ми го скрати животот на еден час, имаше лоши Апгар оценки, докторката рече ќе го следиме во следните 120 минути, и сè уште свежо се сеќавам дека во ладната шок соба се препотував секоја минута од тие предолги 120… Мојот Ѓорѓи денес полни 7 години. Жив и здрав мајкин!“ - пишува Бојана Скендеровски.

Нашата пејачка Бојана Скендеровски од бракот со сопругот Васко има две деца, син и ќерка.
Денес, на 14 јули, таа го слави 7-иот роденден на синот Ѓорѓи, а на Инстаграм сподели емотивна објава.
Таа објави повеќе фотографии со синчето низ годините, но се потсети и на моментот по породувањето, кога ѝ кажале дека ќе ја следат состојбата на бебето.
Нејзината објава во целост гласи:
„Тој 14/07/2019 ми го скрати животот на еден час, имаше лоши Апгар оценки, докторката рече ќе го следиме во следните 120 минути, и сè уште свежо се сеќавам дека во ладната шок соба се препотував секоја минута од тие предолги 120…
А, тој за мене мало совршенство од суштество, се сеќавам и дека првата ноќ дома ја преспа, па ми дозволи и јас да одморам.

Е, од тогаш навака не се променија многу работите. Уште ми го скратува животот од време на време, ама вреди зошто го сакам повеќе од себе…
Мојот Ѓорѓи денес полни 7 години. Жив и здрав мајкин!“






М. М. | Црнобело