Елена Ристеска објави фотка од свадбата на родителите, додека тагува по татко ѝ: „10-ти роденден си славиш на небото“
- Детали
- вторник, 14 јули 2026
„10-ти роденден си славиш на небото, а за нас, кои непрестајно те сакаме, ова ни е тажен ден на земјата“ напиша Елена и сподели досега необјавени фотки од својот починат татко.

Елена Ристеска отсекогаш била многу блиска и поврзана со својот татко, кој почина пред една деценија.
Тој ѝ беше огромна поддршка и во добри и во лошо, но одамна не е тука, а Елена и нејзиното семејство го чуваат жив споменот за него.

Во секоја пригода, без оглед дали не денот на неговото раѓање, важен семеен датум или годишнина од неговата смрт, таа споделува фотки и емотивни пораки посветени токму нему.
Така и е овој пат, па на неговиот роденден, Елена објави стари фотографии од семејните албуми.

Едната од нив е направена на венчавката на нејзините родители, облечени во бело, како невеста и младоженец.
„10-ти роденден си славиш на небото, а за нас, кои непрестајно те сакаме, ова ни е тажен ден на земјата“ напиша таа.
Погледнете повеќе фотографии:



А. Ј. | Црнобело