Македонка се врати од Њујорк и кај нас спасува повредени и напуштени животни - Има ранч кај Крива Паланка
- Детали
- четврток, 16 јули 2026
Животот ја враќа назад во Македонија Мариа Дуда и тоа во родното место каде сосема случајно почнува да спасува животни за кои прави фарма и се грижи за нив. Таа има 54 животни на фармата и сите имаат некаква приказна од каде се дојдени и како завршиле на тој ранч. Многу коњи се спасени од кланица.

Мариа Дуда е необична дама која го напуштила брзиот и диманичен живот во Њујорк и се вратила да живее во близина на Крива Паланка каде што има ранч со животни. Животните на тој ранч се спасени и се животни кои се повредени или се оставени од сопствениците.

Коњите кои можат да се видат на фармата Мариа ги спасила од кланица и сега живеат кај нејзе на ранчот.

Инаку Мариа е родум од Крива Паланка, девојка која студирала и за време на студентските денови два пати решила да замине за Америка за да работи преку летото.
Вториот пат решила да види што е тоа што е толку магично за сите во Америка и останала да живее и работи. Така го запознала својот сопруг со кого е веќе 14 години.

Приказната на оваа Македонка продолжува со градење на успешна кариера како претприемач во Њујорк и бизнис жена која не знаела за стоп и неуспех.
Но животот ја враќа назад во Македонија и тоа во родното место каде сосема случајно почнува да спасува животни за кои прави фарма и се грижи за нив.

Таа има 54 животни на фармата и сите имаат некаква приказна од каде се дојдени и како завршиле на тој ранч.

Дали е правилна животна одлука, ризик или среќа да се напушти животот и кариерата во Њујорк и да се дојде во Крива Паланка дознавате во најновиот поткаст ,,Marija vo Amerika” на YouTube каде што гостинка е Мариа Дуда, Македонката која што се врати да живее и работи во родната земја.

Во продолжение е и линк од поткастот:
С. С. | Црнобело