Македонка мие чинии во камп во Грција со 3 деца и се шегува: „Ден 3 од кампување - дали некогаш ќе станам камп девојка?“
- Детали
- среда, 22 јули 2026
Катерина Краљевска со сопругот Симеон, има 3 деца, а 4-тото е на пат. Парот живее во Стокхолм и помина 3.000 километри за да стигне во камп во Грција, од каде Катерина се шегува: „Дали некогаш ќе станам камп девојка?“, посочувајќи на маката колку чинии мора да измие во кампот. Дали вие сакате кампување?

Катерина Краљевска родена е во Стокхолм и таму живее заедно со сопругот Симеон Краљевски. Тие имаат сопствен бизнис. Нејзините родители, како и нејзиниот сопруг, се од Скопје.

Катерина и Симеон се запознале во Скопје во 2016 година, а тој се преселил во Шведска во 2018 година.
Таа ја обожава оваа земја за живот и особено ѝ се допаѓа што расте деца токму таму.
Катерина има 3 деца, а сега со нив замина на одмор со кампување во Грција.
Taa на Инстаграм сподели:
„3.000 километри во 3 дена со 3 деца, плус нашиот миленик Хуго.
Патот го започнавме од Стокхолм и првиот предизвик ни беше да фатиме навреме фери.
За да биде уште поинтересно мојот сопруг имаше важен состанок со клиент на половина пат“.


Додека тој имал состанок, тие јаделе, a Kaтерина откри:
„Многу ме изненади колку Шведска е пријателски настроена кон децата.
На многу места за одмор за време на патот имаше одлични игралишта...“


Потоа Катерина сподели видео како мие чинии на кампување и напиша:
„Ден 3 од кампување – дали ќе станам некогаш камп девојка?“