Moжност за невреме: Ќе има повремени врнежи од дожд и локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер

Најава за времето во Македонија од УХМР: „До петок под влијание на серија влажни и нестабилни воздушни маси, времето ќе биде променливо облачно и наместа нестабилно со пороен дожд и грмежи“.

mozhnost-za-nevreme-kje-ima-povremeni-vrnezhi-od-dozhd-i-lokalna-nestabilnost-so-poroen-dozhd-grmezhi-zasilen-veter-01.jpg

Од УХМР (Управата за хидрометеоролошки работи) предупредуваат за голема нестабилност на времето денес.

Нивната објава гласи:

Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе има повремени врнежи од дожд и локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер. Наместа ќе има услови за изолирано невреме со појава на град.

Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец (наместа над 60 km/h).

mozhnost-za-nevreme-kje-ima-povremeni-vrnezhi-od-dozhd-i-lokalna-nestabilnost-so-poroen-dozhd-grmezhi-zasilen-veter-02.jpg

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Во делови од котлината ќе има повремени врнежи од дожд и услови за појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

До петок под влијание на серија влажни и нестабилни воздушни маси, времето ќе биде променливо облачно и наместа нестабилно со пороен дожд и грмежи.

Локално процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме проследено со силен ветер и изолирана појава на град.

mozhnost-za-nevreme-kje-ima-povremeni-vrnezhi-od-dozhd-i-lokalna-nestabilnost-so-poroen-dozhd-grmezhi-zasilen-veter-05.jpg

Во петок ќе има пообилни врнежи од дожд. Поради продор на постудена воздушна маса од север температурата значително ќе опадне.

Во Скопје, до петок ќе биде променливо облачно, повремено нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално во делови од котлината ќе има нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Наместа ќе има и услови за појава на краткотрајно невреме со силен ветер и изолирана појава на град.

 

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како изгледа денес внукот на Тоше Проески? На светот не постоеше личност што Тоше Проески повеќе ја сака од неговиот внук К...
Денес почнува божиќниот пост – кои денови се јаде риба, кога се пости на вода и од што да се откажет... Божиќниот пост ќе трае 40 дена, односно од 28 ноември до 6 јануари, во овој пери...
„Се боревме заедно 213 денови и денес ни одлета“ – Тимот на Систина се збогува од Панчо, како и него... „Вие бевте тие кои ми дадовте 7 месеци можност да се гушкам и зборувам сè што не...
Попладнево во Македонија пороен дожд, грмежи и засилен ветер Од УХМР (Управата за хидрометеоролошки работи) предупредуваат за голема нес...
Денес се слави Св. Архангел Михаил – Ангелот кој одлучува кој ќе биде спасен, а кому му чукнал судни... Православните христијани на 21-ви ноември го празнуваат празникот Свети Архангел...
На Македонија ѝ се заканува силно невреме денес - Пороен дожд, грмежи, засилен ветер и можна појава ... Во Македонија денес: „Сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе ...

Најчитани неделава