Исповед на Македонец: „Отидов во Америка, спиев на праг од влезна врата, работев по 3-4 работи, се вратив и успеав во Македонија“

Митко од Струмица на самиот ден кога пристигнал во Америка, немал каде да спие. Имал работа ама немал сместување. Веќе исцрпен и уморен, после цел ден поминат во патување и барање засолниште, тој легнал на еден праг на влезна врата, си го свиткал мокрото тексас палто, се стуткал и заспал. Но, денес е сопственик на неколку бизниси во Македонија, претприемач и семеен човек.

mitko-andonov-otidov-vo-amerika-spiev-na-prag-od-vlezna-vrata-rabotev-po-3-4-raboti-se-vrativ-i-uspeav-vo-makedonija-01.jpg

Митко Андонов денес живее во родната Струмица и таму гради живот за себе и својата фамилија.

Тој е сопственик на неколку бизниси во Македонија, претприемач и семеен човек.

Роден во 1979 година, израснат во Струмица, тој во 2000 година заминува за Америка, сакајќи да го започне, оствари и да го живее американскиот сон.

mitko-andonov-otidov-vo-amerika-spiev-na-prag-od-vlezna-vrata-rabotev-po-3-4-raboti-se-vrativ-i-uspeav-vo-makedonija-02.jpeg

Но, судбината имала други планови за Митко. Тој, на самиот ден кога пристигнал во Америка, немал каде да спие. Имал работа ама немал сместување.

И од врата на врата, во местото каде што била работата, тој барал место за спиење. 

Веќе исцрпен и уморен, после цел ден поминат во патување и барање засолниште, тој легнал на еден праг на влезна врата, си го свиткал мокрото тексас палто, се стуткал и заспал.

Со таква реалност се соочил Митко на почетокот во Америка.

mitko-andonov-otidov-vo-amerika-spiev-na-prag-od-vlezna-vrata-rabotev-po-3-4-raboti-se-vrativ-i-uspeav-vo-makedonija-05.jpeg

Работите почнале да се движат во нагорна линија за него, работел по 3 до 4 работи решен да успее во ветената земја. 

Но, после неколку години борба за подобро утре во Америка, тој се враќа во Македонија.

Кои се вистинските причини за негово враќање тој ги кажува во најновиот поткаст Марија во Америка на YouTube. 

mitko-andonov-otidov-vo-amerika-spiev-na-prag-od-vlezna-vrata-rabotev-po-3-4-raboti-se-vrativ-i-uspeav-vo-makedonija-03.jpeg

Како продолжил со животот во Македонија и како станал успешен бизнисмен ќе дознаете на линкот подолу. 

Целата приказна за успесите и падовите на Митко Андонов:

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Александар Динев: „Некогаш ми беше срам да кажам дека сум дете од село, но никогаш нема да заборавам... „Пораснав во с. Балинци. Место каде што деновите почнуваат рано, каде што рацете...
Внукот на Ефто Пупиноски, а син на Секула, се врати да живее од Америка во Македонија по 22 години -... Тој е син на Секула Пупиноски, починатиот македонски пејач, чија песна „Врати се...
Виктор Апостоловски присуствувал на породувањето на сопругата: „Не знам дали маж може да издржи нешт... „Иако сите од еден до последен ми велеа ‘Немој да присуствуваш, немој, некои раб...
Берберот Ерко за борбата на ќеркичката со леукемија: „Беше страшно да се гледа низ што минува во бол... Познатиот бербер од Скопје Ерко раскажува за најтешката битка, а зборовите нема ...
Потресна сцена од Крива Паланка: „Стоеше 5-годишно девојче на студот, босо по влечки, беше ненаметли... „Денес пред маркет во Крива Паланка стоеше девојче од 5 години, помагаше со коли...
Елвир Мекиќ: „Бев фан на Магија, со 57-ца стигнав во Радишани и заѕвонив на врата кај Јован за да ми... „Тогаш првпат во животот отидов во Радишани. Прашав каде живее Јован и ми ја пок...

Најчитани неделава