Миа Костова: „Лесно е да си вирален. Да седнам да плачам со едната града надвор, ќе се разбудам со 150.000 следачи“
- Детали
- понеделник, 27 јули 2026
„Новите дворски шутови не треба да се пример за инфлуенсери... Вирални се видеа со насилство, со психијатриски дијагнози и со правење мајмун од себе. Да бидам најискрена, што сè е денес вирално и добива прегледи и лајкови е сериозно прашање кое треба да си го поставиме сите што сè тоа гледаме (вклучувајќи ме и мене)“, вели Миа Костова, а доби поддршка и од инфлуенсерките како Маја Кикириткова и Зои Блаж.

Миа Костова е една од оние инфлуенсерки кои внимателно ја гради својата мрежа на следбеници на Инстаграм и има низа квалитетни соработки со брендови.
Во Македонија имаме и низа други такви инфлуенсерки кои навистина професионално ѝ пристапуваат на својата работа.

Меѓу нив е и Маја Кикириткова, која е една од првите што ѝ даде поддршка на Миа.
Но, на страна од нив... Во денешно време навистина е лесно да се стане вирален и многу луѓе стануваат, но на погрешен начин.
Со скандали, голотија или насилство, нивните видеа се споделуваат интензивно.

На оваа тема се огласи Миа Костова:
„Деновиве сум многу малку активна затоа што имав многу работа по дома, па некако имам чувство дека некои 5 дена сум само следач.
Да бидам најискрена, што сè е денес вирално и добива прегледи и лајкови е сериозно прашање кое треба да си го поставиме сите што сè тоа гледаме (вклучувајќи ме и мене).
Но, вистината е дека сета таа 'слава' e краткотрајна, иако во време на циркуз и кловнови често им лепите етикети на инфлуенсери.
Иако, инфленсер е некој кој има влијание на следачите (какво било, општествено, му верува маса народ за накит или крема, собира ѓубре за доброто на сите или готви здрави рецепти) денес инфлуенсери се сите со многу прегледи.
А тоа не се.

Од таа причина ич не сакам што сум инфлуенсер ама пак од друга страна сигурна сум дека оние кои навистина се тоа - имаат соработки и траат.
Не се чудете дека на реклама за било што не се собираат прегледи, колку на мајмунлук и бламирање пред народ, но тие лајкови не вредат ништо.
Новите дворски шутови не треба да се пример за инфлуенсери ниту пак треба да ве збунува фактот кој сè и со што станува познат.