Македонски свадбен фотограф: „Немам отидено на одмор, очите ме печат, а невестата притиска: ‘Кога ќе ни биде готов материјалот?’“

За сите други е обичен вторник или среда, а за мене е уште еден ден поминат во истата столица, пред истиот монитор, меѓу четири ѕида.

Светот надвор си живее, луѓето шетаат, а јас седам и се борам со терабајти податоци, конвертирање, рачно дотерување бои, и качување материјали по платформи и линкови чии проценти ги гледам како бавно се полнат до зори.
А на екранот?

На екранот го гледам татко ти како ти ја држи раката пред да те предаде. Го гледам оној невидлив трепет во неговата брада и солзата што брзински ја голта за никој да не го види ранет.

Ја гледам мајка ти како ги стиска дланките од возбуда, ги гледам прегратките од бабите и дедовците кои со последната сила ве прегрнуваат за среќа, го гледам вашиот прв бакнеж...

И додека ве гледам вас како го живеете најубавиот ден, сфаќам една сурова вистина: вие тој ден го проживувате за неколку часа. Јас го живеам со месеци.

makedonski-svadben-fotograf-nemam-otideno-na-odmor-so-godini-propushtam-rodendeni-i-slavi-na-bliskite-05.jpg

Живееме во свет каде што сè стана инстант. Брзо кафе, брзи пораки, брза храна... па и свадбиве ги претворија во фабричка лента.

Свесен сум дека над 60% од луѓето во бизнисов ова го работат како втора или трета работа.

Одработуваат смена во државно или во фабрика, па викенд ќе сними свадба, за една недела ќе фрли еден готов, евтин филтер преку фотографиите, ќе ги залепи видеата набрзина и ќе ви прати еден брз линк само за да си ги земе парите.

Но, знаете ли што е брзата испорака?

Брзата испорака е убиец на емоцијата. Тоа е индустриска пластика.

Кога се брза, се пропуштаат оние ситни и невидливи нишки што му даваат душа на видеото. Се пропушта онаа тивка воздишка, оној нежен допир со раката, онаа топла сенка на лицето.

Со брзање се добива мртов и бездушен фајл што изгледа исто како милион други.

Продолжува на следната страница...


Би можело да ве интересира:

Македонски психолог за маките на клиентите кои се отселиле од Македонија: „Им недостигаат луѓе, глас... „Овој пост е инспириран од моите клиенти кои повеќе не живеат во Македонија. Сел...
Горан Папаз прослави 4 години брак: „Тоа што година и пол не сме спиеле, не значи дека овие години н... „Те сакам бескрајно! Ти си мојата инспирација, мојата принцеза, мојата симпатија...
Вело Марковски е 35 години постар од сопругата - Наши и регионални парови со голема разлика во годин... Лазар Ристовски по разводот повторно најде љубов и тоа со актерка која е скоро 4...
Перо Антиќ и Сања Ристиќ прославија годишнина од љубовта во Афитос: „З години со ова ѓаволче“ „Среќна годишнина и уште многу заедно, моја љубов и светлина“, напиша Сања на фо...
Бетика од Ресен: „Од 9 години научив да возам трактор, семејно береме сливи, дрвцата ни се како деца... „Возам трактор од мојата 9-та година и благодарение на мојата фамилија со години...
Елвир Мекиќ: „Бев фан на Магија, со 57-ца стигнав во Радишани и заѕвонив на врата кај Јован за да ми... „Тогаш првпат во животот отидов во Радишани. Прашав каде живее Јован и ми ја пок...

Најчитани неделава