Македонски свадбен фотограф: „Немам отидено на одмор, очите ме печат, а невестата притиска: ‘Кога ќе ни биде готов материјалот?’“
А кај мене не е така. Јас немам втора работа. Не работам во државно, не снимам реклами, не бркам музички спотови.
Свадбиве се мојот детски сон. Мојот единствен живот.
Сета моја душа е тука. И кога ќе се затворам во студио јас не одработувам, јас плачам и се смеам заедно со вашите кадри.
Се борам со секој пиксел, со секоја секунда звук, со секој тон за да го извлечам оној вистински и филмски сјај што нема да избледе ни по векови.

И за таа опсесија да не ви предадам ѓубре јас си плаќам сурова крвава цена:
Немам отидено на одмор со години. Сум пропуштил безброј родендени, слави и крштевки на моите најблиски.
Сум пропуштил моменти со сопругата што никогаш ама никогаш нема да ми се вратат.
Моето семејство ги жртвува своите сопствени спомени и моменти за јас да ги создадам вашите.
И кога од мене ќе побарате брзина - тоа е исто како да му кажете на сликарот „Ајде завршувај го платното за пет минути“.
Јас одбивам да го продадам сопствениот сон и да го евтинам вашиот најважен ден за брз профит.
Еве, ги прашувам сите оние мои клиенти од пред една или две години што тогаш броеја денови, ми пишуваа пораки и брзаа... Што правите денес со тие слики?
Дали денес ви менува нешто тоа што видеото стигнало еден месец подоцна?
Или денес, кога можеби некој од тие луѓе на видеото, некој баба, дедо или драг роднина кој веќе не е помеѓу нас, кога ќе го чуете нивниот глас кристално чист и ќе ги видите нивните очи како ве гледаат со љубов, дали тогаш прашувате за датуми?
Или со солзи во очите го благословувате секој час, секоја непреспиена ноќ што сум ја потрошил во студио за да го сочувам тој спомен совршен и вечен?
Истекува паузава, колоната со автомобили почнува да се формира за тргнување кон црквата, мора да се подготвам и да одам.
Но, ве молам од дното на мојата душа имајте трпение.
Имајте трпение не затоа што сум бавен, туку затоа што одбивам да ги убијам вашите спомени. Одбивам да ви дадам леб што е печен набрзина.
Вашата љубов заслужува почит. Вашата историја заслужува време“.
С. С. | Црнобело