Васил Зафирчев закрепнува по операцијата и жали по „Танц со ѕвездите“

На вчерашната проба за шоуто „Танц со ѕвездите“, актерот Васил Зафирчев, еден од фаворитите на судиите и публиката, вежбајќи ја танцовата точка со својата партнерка во Македонската радио телевизија, се здоби со потешка телесна повреда.

vasil-zafircev-zakrepnuva-po-operacijata-i-zali-po-tanc-so-zvezdite-01

Веднаш по немилата повреда, беше повикана Брза помош која го префрли актерот во специјалната болница за хируршки болести „Свети Наум Охридски“ (стара Градска болница), во која му беше укажана итна лекарска помош. Стручниот тим на ортопеди утврди дека станува збор за скршеница на чашката на коленото и поради тоа веднаш му беше извршена хируршка интервенција.

Харизматичниот Васил Зафирчев во моментов се наоѓа на Одделението за интензивна нега каде се чувствува добро, но сепак повеќе нема да може да блеска на сцената заедно со својата партнерка Наде Миленковска и да ги истакнат  заедно танцовите вештини. Се очекува за кус период актерот да биде пуштен на домашно лекување.

Сепак, на големо жалење на неговите фанови и на жири комисијата од популарното шоу „Танц со ѕвездите“ Васил Зафирчев веќе нема да биде во можност да се натпреварува во шоуто.

Македонската радио телевизија и целиот тим на „Танц со ѕвездите“ му посакуваат на актерот брзо закрепнување и се надеваат дека ќе го видат барем во публиката како ги бодри останатите натпреварувачи.

Би можело да ве интересира:

Берберот Ерко за борбата на ќеркичката со леукемија: „Беше страшно да се гледа низ што минува во бол... Познатиот бербер од Скопје Ерко раскажува за најтешката битка, а зборовите нема ...
Бобан од Куманово ја запроси Јована за време на авионски лет кон Германија, со помош на стјуардесите... „Имам брат и снаа кои живеат во Германија и се имавме договорено да oд...
Почина таткото на Васил Зафирчев, актерот скршен од болка - И Калиопи му посвети порака: „Патувај та... „Денес, боли само времето непоминато со него, пропуштените мигови, неслучените п...
Лила и Биг Мама го истражуваат Бразил - Непријатна случка во Сао Паоло, се будат со поглед на Копака... Во Сао Паоло Лила доживеа и мала непријатност - додека преминуваше улица, Биг Ма...
Јоце Панов за тешкото детство: „Татко ми почина на 49 години, уште памтам како стоев надвор и чекав ... „Моите родители ме чекале 11 години. Мајка ми останувала бремена, но се случувал...
Македонка помина една седмица во својата дрвена куќарка на село – гушкаше јариња, се грееше на дрва „Живот на село.... Враќање кон коренот, каде човекот едноставно постои во ритам ...

Најчитани неделава