Комплетен пакет од „Близу“ за новогодишните празници

Телекомуникацискиот оператор „Близу“ денес го лансира новиот пакет со три услуги „Старт Делукс“, во кој се вклучени бројни поволности за новите корисници.

kompleten-paket-od-blizu-za-novogodisnite-praznici-01

Промотивниот пакет ги содржи:

- сите 130 дигитални канали во кои бесплатно се содржат каналите со висока резолуција, спортските и филмските канали (HD пакетот, Супер, Супер плус и Тринг макс);

- интернет со брзина од 10 Mpbs со неограничен трансфер; и  

- фиксна телефонија со вклучени 50 минути кон сите фиксни мрежи и неограничени бесплатни разговори во мрежата на „Близу“.

Пакетот е со цена од 999 ден. месечно и е дополнет со бесплатен КА модул, уред за дигитална телевизија и бесплатен модем за интернет и телефонија.

Оваа ограничена понуда важи за сите нови корисници кои ќе потпишат договор на 24 месеци до 31 декември 2013 година.

„Пред официјалниот крај на оваа исклучително успешна година за „Близу“ решивме да го збогатиме своето портфолио со уште една одлична комбинација на услуги, за неверојатно достапна цена и со одлични придобивки за оние кои ќе станат нови членови на нашето корисничко семејство”, изјави Искра Секуловска, Маркетинг директор во „Близу“ .

Од операторот најавија зголемени активности во претстојниот предновогодишен период, кои истовремено ги опфаќаат како новите, така и постоечките корисници.

Би можело да ве интересира:

Маја Кикириткова заглави на аеродром во Истанбул, Ева Нединковска се бакнува со дечкото: Што прават ... Кики Мукаетова прошета низ Рим со кул палто со натпис на грбот, Ирина Камилоска ...
„Броиме чекори и калории, зависни сме од нотификации за попусти“ - Македонка алармира во какви кафез... „Колку чекори направи денес? Дали си го закажа следниот термин за нокти точ...
Нови фотки од свадбата на Дејан Манасков, Мартија Станојковиќ со жартиери во Белград: Што прават наш... Ѓоко Танески со сопругата на снег, а исто така и Викторија Лоба со сопругот. Рак...
Згрозувачка сцена од салон за маникир во Македонија – техничарка за нокти со апел: „Опасно е ако ви ... „Дел од девојките ја прават најголемата грешка кога ќе се решат да започнат сами...
Сара Ѓуроски за одморот во Грција со мало дете: „Немаше мирни утра со кафе, ниту читање на плажа - п... „Мојот распоред сега го води едно мало, радосно торнадо по име Јан, а секој одмо...
Потресна сцена од Крива Паланка: „Стоеше 5-годишно девојче на студот, босо по влечки, беше ненаметли... „Денес пред маркет во Крива Паланка стоеше девојче од 5 години, помагаше со коли...

Најчитани неделава