Новото свежо млеко од Бимилк е најздравиот избор за децата!

Бимилк започна со дистрибуција на својот најнов производ - Битолското свежо млеко со 3,5% млечна маст кое има подолг рок на трајност и поголема хранливост и енергетска вредност.

novoto-svezo-mleko-od-bimilk-e-najzdraviot-izbor-za-decata-01

Благодарение на технологијата која се користи за негово производство, Битолското свежо полномасно млеко не е потребно да се вари и има рок на траење од 15 дена.

Новото свежо полномасно млеко е богато со протеини, витамините А, Б и Д, минерали, јаглени хидрати, калциум и други состојки кои се неопходни за нашето здравје.

Полномасното свежо млеко особено е корисно за децата и нивната секојдневна исхрана поради богатството од протеини и калциум, додека масленоста од 3,5% на свежото млеко овозможува сите хранливи состојки и витамини организмот многу полесно да ги апсорбира.

„Идејата за новиот производ произлезе од потребата на потрошувачите за поздрав начин на исхрана кој вклучува повеќе свежи производи. Новиот производ од Бимилк ги нуди сите нутриционистички предности на свежото млеко, а истовремено ја нуди практичната предност на трајното млеко со тоа што може да се консумира без да се вари. Свежото Битолско млеко е похранливо, повкусно и неговото редовно конзумирање обезбедува голем дел од хранливите состојки, витамини и минерали неопходни за децата, за нивниот здрав и правилен раст и развој.“ – изјави Полексена Ристеска, маркетинг менаџер на Бимилк.   

Користејќи висококвалитетно млеко од најдобрите фарми во Македонија, свежото млеко поминува процес на бактофугирање и термичка обработка со пастеризација со што се отстрануваат дури 99,9% од присутните микроорганизми, при што млекото целосно ја задржува биолошката и хранлива вредност.

Технологијата која се користи во целокупниот процес на производство на свежото млеко, како и врвните стандарди за безбедност кои ги применува Битолска млекара се гаранција за квалитетот и безбедноста на млекото.  

Согласно светските трендови во млечната индустрија и барањата на потрошувачите, Бимилк во иднина планира да го прошири своето портфолио на свежи млека. 

novoto-svezo-mleko-od-bimilk-e-najzdraviot-izbor-za-decata-03

Би можело да ве интересира:

Тамара Тодевска на викенд со децата во Маврово: Зимски лудории на Хана и Дарен Тамара Тодевска ужива во Маврово со своите две деца и споделува на Инстаграм как...
Тамара на летување со децата во Грција – ги одведе во циркус, се возат на фотелја додека ги влече гл... Тамара Тодевска на една од фотографиите откри и дека на летување со нив е Марко ...
Уникатни имиња на децата на познатите Македонци: Гаиа, Кира, Киан Катарина Ивановска ја има ќерката Кира, Слаткар го крсти синот Моша, а Тони Зен ...
Конечно - новиот спот и песна на Антониа Гиговска: „Со бањарки во кадата ме креваа за да се гледам, ... „Ако ме прашате зошто оваа песна оди прва, не знам, меѓутоа она што го почувству...
Дедо Ѓорѓи од Радовиш наполни 100 години - Секој ден пешачи, денот го започнува со мед и млеко „Тој постојано пешачи и се труди секој ден да има умерена физичка активност. Нај...
Забавно видео на Јелена Спенџарска за шопингот со мајките: „Не фаќај ништо, ќе треба да плаќаме ако ... „50 евра за скинати фармерки? Јас ќе ти ги скинам дома без пари!“ - Јелена Спенџ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg