Размислувајте надвор од кутијата

„Размислување „надвор од кутијата“ значи да се размислува различно, неконвенционално, нестандардно или да се гледа на работите од друга перспектива, а тоа е креативно размислување“.

razmisluvajte-nadvor-od-kutijata-01

Ова е еден од советите кои се составен дел на прирачникот „Tip of the week“ на авторите Петар Лазаров и Калин Бабушку. Корисни и практични совети кои пред да се соберат во првиот прирачник се испраќале по електронска пошта еднаш неделно.

Откако се увидело дека овие совети се споделуваат и се коментираат или дополнуваат, авторите дошле до идеја да соберат 50 совети во еден прирачник „Tip of the week“.

Ваквиот практичен и духовен водич издаден во 2010 година, го обновиле и ревидирале во 2013 година. Еден од најприменуваните прирачници кој треба задолжително да биде дел од вашето секојдневие.

„Книга која нѐ учи како се станува среќен човек“, вели професорот Венко Андоновски. Авторите од нивни аспект, низ интервјуто за crnobelo.com ги откриваат своите инспирации, идеи, очекувања и цели.

1.Кој од советите што ги пишувате во книгата најмногу ви помогнал во животот и кариерата?

Не може да истакнеме некој посебно бидејќи сите текстови се инспирирани од наши моменти или ситуации кои ни се случиле и нѐ инспирирале да напишеме  нешто околу тоа. Тоа дури го кажуваме и во предговорот на книгата.

Сите текстови  се напишани да ни помогнат нам самите, а потоа и на другите читатели. Пред да напишеме некој текст ние мора да направиме анализа на темата, истражување што кажале некои други автори, а потоа даваме наше гледиште на тоа.

Низ самиот процес, ние мора да поминеме ние повеќе перспективи, да ги размислиме и разбереме истите, и тоа секако ни помага да добиеме поголемо знаење од областа во која го правиме истражувањето.   

2. Од што бевте поттикнати да го напишете првиот совет?

Насловот на првиот совет е „Која е приказната зад она што го работите?“. Тоа претставува еден вовед во самата книга, но повеќе се однесува на тоа дека ние многу често во работата и животот донесуваме одлука или некое решение, без претходно да знаеме зошто го правиме тоа или барем мислиме дека знаеме.

Голем дел од нашите одлуки се под влијание на околината, останатите, претпоставените, пријателите, родителите. Нашата цел е да поттикнеме индивидуалност и размислување од дното на срцето.

Единствениот начин ако сакате да ви успее некоја работа е максимално да се соживеете и да верувате во неа. Ако таа вистински доаѓа од вас, тогаш шансите за успех се многу големи.                                         

razmisluvajte-nadvor-od-kutijata-1          

3. Кои книги од сличен вид имаат најголемо влијание на вас или ви послужиле како инспирација за „Tip of the week“?

Генерално не постои некоја посебна книга или автор кој ни бил инспирација за книгата. Оваа книга е сублимат на сите четива, автори и книги што ги имаме прочитано досега.

Ако некој посебно треба да истакнеме, може тоа би бил нашиот продажен гуру Џефри Гитомер, од кого многу учиме од аспект на стил на пишување, пристап кон областите за кои се пишува и изглед на книгите. 

4. Планирате ли продолжение во кое би ги искористиле некои од советите на читателите кои ви пишуваат?

Секако дека планираме и понатаму да ги изненадуваме читателите со нови и корисни содржини. А од аспект на користење на текстови од други читатели, ние секогаш сме отворени за соработка.

И досега имаме објавено интересни содржини од други автори или професионалци кои сметаме дека имаат што да кажат, а се во релација со нашите совети.

5. Која е целта што сакате да ја постигнете со ова издание?

Како што кажавме и погоре, нашата цел е ова издание да стигне до што поголем број читатели, со надеж дека некој текст или реченица ќе успее да ги натера да размислат и да променат нешто кај себе.

Сите сме свесни за работите што треба да ги правиме и промениме, но сите имаме проблем со процесот на имплементација и реализација на промените.

Затоа, доколку некој текст успее да иницира промена кај читателите, како што некои од текстовите влијаеле и на нас, нашата цел е остварена.     

razmisluvajte-nadvor-od-kutijata-2

6. Ви се случило ли по некое време од издавањето за некој совет да сфатите поинаков резултат од опишаниот? Би сакале ли да промените некои совети ако можете да ги ревидирате?

Советите што се во прирачникот се напишани во 2010. Кога ги ревидиравме во 2013 кај некои од нив дури и наведуваме дека можеби во 2010 тоа било реалноста, но сега е различно.

Исто така, за некои и наведуваме дека сѐ уште се актуелни. Во релација на ова, ние во самиот предговор пишуваме дека може и треба да се навраќаме повремено на текстовите во овој прирачник.

Секој човек на различно ниво на свесност, едукација, возраст или кариера, може различно да перцепира или апсорбира една иста работа. 

7. Со оглед на интерактивното печатено издание на книгата, каде може да се запишуваат забелешки, да се поставуваат прашања, да се чкрта и подвлекува, сте виделе ли некоја книга која е целосно искористена на тој начин и каков е вашиот впечаток? Сметате ли дека тоа е вистинскиот начин и доказ за успешно остварена цел?

Неколку читатели ни кажале дека книгата им се нашла во повеќе ситуации. Неколку пати се навраќале на некои од нивните омилени текстови. Некои менаџери ни спомнале дека им давале делови од некои текстови на своите вработени.

Некои читатели дури и вербално се пресметувале со своите колеги и пријатели за некои од коментарите и ставовите во книгата. Сето тоа е од огромно значење за нас и ни потврдува дека со книгата го остваруваме ефектот што сакаме да го постигнеме. 

Тоа што книгата е направена да им овозможи на читателите да ја подвлекуваат или чкртаат, само дополнително овозможува истата да има јак ефект врз нив.

razmisluvajte-nadvor-od-kutijata-3

8. Кои се вашите лични гуруа кои ги следите и почитувате? На кој од успешните луѓе најмногу се воодушевувате?

Ние се воодушевуваме од сите што имаат да кажат нешто паметно и корисно и што може да се имплементира во секојдневното работење и живеење. Без разлика дали е некој познат и успешен или можеби некој кој никој не го знае. Некој од улица.

Но, генерално од успешните, може да кажеме дека ги почитуваме тие што направиле нешто, постигнале успех, а при тоа не било на грбот на другите.

9. Што е успех за вас?

Да си среќен и задоволен од самиот себе и од она што го работиш! Ако секој ден стануваш и со нетрпение одиш на работа, и ако секој ден си легнуваш среќен и исполнет од денот што поминал, тоа за нас е успех.

razmisluvajte-nadvor-od-kutijata-4


Фотограф: Ивана Кузмановска

Автор: Викторија Мирческа

Би можело да ве интересира:

Јелена Спенџарска со љубовна порака за саканиот Лукас: „Кога изгубив надеж, ми се појави како гром о... „На почетокот мислев дека е скриена камера, зашто не ми беше реално, нема да лаж...
Миро Кацаров ја направи првата од двете свадби: „Ивана носеше фустан како Северина, од црква отидовм... „Со Ивана се венчавме во една од најубавите цркви во Скопје, Св. Јован Крстител ...
„Пази на пудрата“ – Јелена Спенџарска во забавно видео покажа како изгледа шопингот на жените Дали и вашиот шопинг изгледа вака? По колку време „заглавувате“ во гардероба, до...
Доктор Митов: „Во рака ми е првиот леб што сум го направил - баш каков што го сака жена ми“ „Природата нѐ учи на многу работи, но пред сѐ мислам дека нѐ учи на трпение. И п...
Миа Костова изреволтирана откако дете го удрило со бокс во стомак син ѝ: „Булингот доаѓа од дома“ (в... Миа Костова вели дека нејзиниот син е повторно жртва на булинг - откако пред изв...
Скопјанката Моника кажа „да“ на Саемот за венчавки: Саканиот ја запроси на ревија, додека носеше кре... „Иако долги години сме во врска, не помислив дека мојот сегашен вереник ќе собер...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg