Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Кампања на Гранд Арома која освојува

Најновата кампања за „Гранд Арома“ незапирливо го освојува целото внимание на потрошувачите и добива бројни признанија од поборниците на одличниот вкус уште во првите недели од емитувањето.

kampanja-na-grand-aroma-koja-osvojuva-01

Создадена како резултат на внимателното следење и истражувањето на потребите на пазарот, кампањата со слоганот „Освојува“ во целост ја менува комуникацијата која досега била својствена за сегментот турско кафе.

Сообразно на тоа, кампањата претставува одговор на потребите на жените за модерен и тренди бренд со којшто можат да се идентификуваат, но чија привлечност е резултат на врвниот квалитет и посветеноста на секој детаљ. Токму „Гранд Арома“ е единственото турско кафе коешто им излегува во пресрет на нивните желби.

Во телевизискиот спот, што е носечки дел на кампањата, ексклузивното појавување на светски познати манекени веќе предизвика големо медиумско внимание. Манекените во акција, се симнаа од жешките модни писти и специјално за потребите на кампањата „Гранд Арома“ ја освоија најшироката јавност со својот шарм.

kampanja-na-grand-aroma-koja-osvojuva-02

Освен ѕвездите во главните улоги, во новиот спот може да се види кендо, возење со мотор, жешко фотографирање, односно ситуации коишто отстапуваат од оние што се вообичаени за домашните реклами и затоа нивната единственост моментално го привлече вниманието на целните групи и наиде на големо одобрување од страна на оние што ја ценат иновативноста.

Телевизискиот спот со својата приказна, атрактивните локации, беспрекорните костими и изглед, како и продукцијата и фотографиите на светско ниво претставуваат перфекција со секој детаљ, токму како и кафето „Гранд Арома“.

Доволно младо да ги поместува границите во потрага по нешто ново, но и доволно искусно за секогаш да дава непроменет врвен квалитет и уживање во вкусот. „Гранд Арома“, со освежен имиџ, полека, но сигурно освојува нови територии, како и срцата на верните и новите потрошувачи.

Би можело да ве интересира:

Денис, соработник на ДНК: „Ах бе, браќа мои, срцето ми се корне - корупцијата ми ја зема фамилијата“ „Срцето ми се корне, душа не остана. Андрејчо мој, постар брат, татко. Никогаш н...
Златко Јовановски предизвика измешани реакции: „Не е секој создаден за родител, но би сакал да имам ... „Јас денес да имам дете, тоа дете мене би ми било пречка во остварувањето на мој...
Антониа Гиговска со бели веѓи и трепки за новиот спот: „Снимавме 3 дена во Египет, најзабавна беше с... Откако во претходниот спот беше со куса коса, Антониа се реши за нова трансформа...
Елена Ристеска си ја отвори душата 8 години по смртта на татко ѝ: „Секој ден, сè повеќе ми фалиш“ „Осум тешки години без тебе тато. Овој септември си ја зема и Валери, најмилото ...
Македонец е ѕвезда во новиот спот на Лејди Гага: „Кога сонот ќе стане реалност“ (видео) Гордост! Мајкл Дамески пред 7 години со својот танц ја воодушеви Џенифер Лопез, ...
Тамара Тодевска на 39 изгледа подобро од кога било – прослави роденден со Лука и децата „Среќна сум за секоја ваша честитка, порака и желба – за уште многу години“ – на...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg