Кисела Вода ќе добие свој Веро Супер маркет

На големо задоволство на жителите на скопската населба Кисела Вода, во сабота на  12 април, на булевар Борис Трајковски (поранешна Првомајска)на просторот на некогашните магацини на Жито Лукс, во непосредна близина на просториите на општината Кисела Вода, ќе се отвори нов Веро Супермаркет.

kisela-voda-ke-dobie-svoj-vero-super-market-01

Станува збор за јубилеен 10-ти по ред Веро супермаркет кој ќе се протега на површина од околу 1.500м2, со 7 каси, модерен складишен дел од 700 м2, подземен паркинг за 40 автомобили, овозможувајќи им едноставно и организирано пазарување на граѓаните. Новиот Веро ќе има и свој бесплатен паркинг простор кој е предвиден да ги задоволи потребите на посетителите.  

Веро 10, се наоѓа на една од најфреквентните улици во Скопје, низ која поминуваат голем дел од граѓаните на Скопје, одејќи на работа и враќајќи се дома, со што им е овозможено попатно да си ги завршат своите куповни потреби, а во Веро 10 ќе имаат голем избор од најдобар квалитет.

„Долг период на време чувствувавме потреба да отвориме супермаркет во овој дел од градот, и отворањето на 10-иот Веро Супермаркет за нас претставува голем успех и доказ дека работите одат по нагорна линија. За 17 години успеавме да создадеме лојални потрошувачи и да воспоставиме со нив искрени релации што е и главниот клуч на позитивниот развој кој го бележиме.

Кога сите неопходности беа направени, и беше избрана вистинската локација го релаизиравме и овој голем чекор каде уште еднаш на нашите ценeти купувачи, посебно од овој дел од Скопје ќе можеме да им понудиме услуги и квалитет по стандардите на Веро“, изјави Костас Теодосијадис, генерален менаџер на Веро.

kisela-voda-ke-dobie-svoj-vero-super-market-02

Првиот Веро Супер маркет беше за прв пат отворен во Скопје прeд 17 години и од тогаш до денес овој ланец на супермаркети успешно ја гради својата приказна постојано инвестирајќи во нови малопродажни објекти каде на своите потрошувачи им нуди врвен квалитет, избор и задоволство при пазарувањето. Веро, заедно со својот тим од над 900 вработени низ земјава, и понатаму ќе настојува да ја спроведува својата стратегијата - најдобар избор, најдобри цени и најдобра услуга, водејќи се со мотото ‘’Купувачот е нашиот шеф’’.

Би можело да ве интересира:

Скопје убаво си ни и покрај сè: Есенската идила во Градскиот парк (фото+видео) И додека тонеме во ѓубре и воздухот мириса на пластика и срцето нè боли за тоа ш...
Македонка со трогателна објава за свекрвата што ја изгуби: „Спокој ми дава што син ми ја имаше во жи... „И кога ќе ви кажат „со време поминува сè, воопшто да не верувате. Баш затоа што...
Вело Марковски е 35 години постар од сопругата - Наши и регионални парови со голема разлика во годин... Лазар Ристовски по разводот повторно најде љубов и тоа со актерка која е скоро 4...
„Малку работи се поубави од празно Скопје, мекици за појадок кај баба, смокви набрани од дедо“ - Maк... „Има еден носталгичен момент кога одиш кај баба ти и дедо ти во лето на гости. С...
Ангела од Скопје со силна порака за мајките кои мислат дека не прават доволно: „Ако нахрани, прегрна... „Ајде да го преброиме тоа невидливото што го правиш, а што не го гледаш… ако нах...
Елвин, иден онколог од Штип, ја изгуби мајка си од рак: „Нејзината најголема грижа додека беше болна... „Мајка ми ја водеше најтешката битка во животот — битката со канцерот. Но, не са...

Најчитани неделава