Се отвора новиот Веро супермаркет во Кисела Вода

На големо задоволство на жителите на скопската населба Кисела Вода, пред голем број на гости, комитенти, денес и официјално се отвори новиот, 10-ти по ред Веро супермаркет. Се наоѓа на булевар Борис Трајковски (поранешна Првомајска) на просторот на некогашните магацини на Жито Лукс, во непосредна близина на просториите на општината Кисела Вода.

se-otvora-noviot-vero-supermarket-vo-kisela-voda-1

Станува збор за јубилеен 10-ти по ред Веро супермаркет кој се протега на површина од околу 1.500м2, со 7 каси, модерен складишен дел од 700 м2 и подземен паркинг за 40 автомобили. Новиот Веро има и свој бесплатен паркинг простор кој е предвиден да ги задоволи потребите на посетителите.  Веро 10, се наоѓа на една од најфреквентните улици во Скопје, низ која поминуваат голем дел од граѓаните на Скопје, одејќи на работа и враќајќи се дома, со што им е овозможено попатно да си ги завршат своите куповни потреби, а во Веро 10 ќе имаат голем избор од најдобар квалитет.

„Долг период на време чувствувавме потреба да отвориме супермаркет во овој дел од градот, и отворањето на 10-иот Веро Супермаркет за нас претставува голем успех и доказ дека работите одат по нагорна линија. За 17 години успеавме да создадеме лојални потрошувачи и да воспоставиме со нив искрени релации што е и главниот клуч на позитивниот развој кој го бележиме.

Кога сите неопходности беа направени, и беше избрана вистинската локација го реализиравме и овој голем чекор каде уште еднаш на нашите ценeти купувачи, посебно од овој дел од Скопје ќе можеме да им понудиме услуги и квалитет по стандардите на Веро“, изјави Костас Теодосијадис, генерален менаџер на Веро.

se-otvora-noviot-vero-supermarket-vo-kisela-voda-2

Првиот Веро Супер маркет беше отворен во Скопје пред 17 години и од тогаш до денес овој ланец на супермаркети успешно ја гради својата приказна постојано инвестирајќи во нови малопродажни објекти каде на своите потрошувачи им нуди врвен квалитет, избор и задоволство при пазарувањето. Веро заедно со својот тим од над 900 вработени низ земјава, и понатаму ќе настојува да ја спроведува својата стратегијата - најдобар избор, најдобри цени и најдобра услуга, водејќи се со мотото „Купувачот е нашиот шеф“.

Би можело да ве интересира:

Ева Нединковска со фотки од свршувачката: „Пред него, мислев дека е сила да успеваме јас и ќерката с... „11.4.2026, сабота пред Велигден. Наш ден, веридба. Ден за ветување, посветување...
Скопје убаво си ни и покрај сè: Есенската идила во Градскиот парк (фото+видео) И додека тонеме во ѓубре и воздухот мириса на пластика и срцето нè боли за тоа ш...
„Лавина мина над мене, бегав од мечка“ - Ирина Камилоска за најопасните моменти од планинарењето Ирина Камилоска, која често знае да каже дека ѝ недостига искачувањето планински...
Берберот Ерко за борбата на ќеркичката со леукемија: „Беше страшно да се гледа низ што минува во бол... Познатиот бербер од Скопје Ерко раскажува за најтешката битка, а зборовите нема ...
Трогателна исповед на маж (39) од Велес, кој бил жртва на педофил, но и жртва на семејно насилство о... „Ти се свиѓаше силувањето а? Уште сакаш а?“ рекоа троловите зад скриените профил...
Елвин, иден онколог од Штип, ја изгуби мајка си од рак: „Нејзината најголема грижа додека беше болна... „Мајка ми ја водеше најтешката битка во животот — битката со канцерот. Но, не са...

Најчитани неделава