Во јуни се отвора ТЦ РЕМ - најголемиот трговски центар во Тетово

За помалку од 30-тина дена официјално ќе биде отворен трговскиот центар РЕМ, кој е дел од уникатниот повеќенаменски комплекс РЕМ, кој вклучува и хотел и станбени единици. Инвестиција на компанијата RENOVA, во вредност од 40 милиони евра, воедно и најголема досега  во западна Македонија.

vo-juni-se-otvora-tc-rem-najgolemiot-trgovski-centar-vo-tetovo-01

Трговскиот центар РЕМ со површина од 19 000 м2 се наоѓа на најпосакуваната локација во Тетово, на само 700 метри од центарот, помеѓу двата главни булевари. Консултанската компанија за недвижности Фортон, како експлузивен агент за изнајмување на објектот се погрижи трговскиот центар РЕМ да биде изнајмен над 85% од реномирани  и добро познати брендови. Според ФОРТОН, ТЦ РЕМ  со содржините кои ќе ги понуди ќе биде едно од најпосетуваните места во западна Македонија, со 4 до 5 пати повеќе посетители од било која друга шопинг локација во градот.

Реномирани продавници, забава, ресторани, игротеки, содржини за сите возрасти ќе бидат дел од ТЦ РЕМ, со што се очекува да се подобри квалитетот на живеење на граѓаните од овој дел од земјава. Во рамките на  трговскиот центар, свои продажни објекти ќе имаат повеќе интернационални и домашни брендови, како што се супермаркетот Carrefour (Карфур), италијанскиот моден ланец Gruppo Fiori (Групo Фјори), Mega Fashion, играчница Аркадиа, Extreme Intimo (Екстрим Интимо), Office Plus (Офис Плус), Penti (Пенти), Lamas & Jovani USA (Ламас и Џовани УСА), Mat Star (Мат Стар), Кимико, Топ Шоп, Анхоч, P…S…Fashion (ПС Фешн), Golden Rose, парфимерија Еликсир, слаткарница Амфора, донер Дајти, пецива и пица Меридиан, бутик Емона, накит Swarovski Elements, уреди за домаќинство Елипсо.

vo-juni-se-otvora-tc-rem-najgolemiot-trgovski-centar-vo-tetovo-02

Две години по отворањето на првиот хипермаркет во Скопје, ЦМБ Скопје ДООЕЛ со задоволство го најавува отворањето на својата втора продажна локација во државава – супермаркетот во трговскиот центар РЕМ во Тетово. ЦМБ Скопје ДООЕЛ продолжува да ја следи својата долгорочна посветеност да им обезбеди на своите потрошувачи најдобар квалитет по најповолни цени.

ЦМБ Скопје ДООЕЛ, компанијата на Маринопулос  С.А., го претставува Карфур во Македонија. Маринопулос С.А. е ексклузивен франшизер за Карфур во југо-источна Европа, со мрежа од 936 продажни локации во Грција, Албанија, Бугарија, Македонија и Кипар.

РЕМ комплексот се состои од: трговски центар 19.000 м2,  луксузен хотел со 5 звезди на 12 ката, панорамски ресторан на најгорниот кат од хотелот, 146 станови и 400 паркинг места, на вкупна изградена површина од 60 000 м2.

Би можело да ве интересира:

Македонка со трогателна објава за свекрвата што ја изгуби: „Спокој ми дава што син ми ја имаше во жи... „И кога ќе ви кажат „со време поминува сè, воопшто да не верувате. Баш затоа што...
Скопје убаво си ни и покрај сè: Есенската идила во Градскиот парк (фото+видео) И додека тонеме во ѓубре и воздухот мириса на пластика и срцето нè боли за тоа ш...
8 места во Скопје каде може да пробате вкусни италијански сендвичи со фокача Локали специјализирани за фокача сендвичи по оригинален рецепт, пршутерии каде м...
Бобан од Куманово ја запроси Јована за време на авионски лет кон Германија, со помош на стјуардесите... „Имам брат и снаа кои живеат во Германија и се имавме договорено да oд...
Згрозувачка сцена од салон за маникир во Македонија – техничарка за нокти со апел: „Опасно е ако ви ... „Дел од девојките ја прават најголемата грешка кога ќе се решат да започнат сами...
Марија и Бојан од Eye Cue направија свадба, откако открија дека чекаат дете – бремената невеста блес... Пред неколку дена објавија забавно видео и открија дека чекаат дете, а вчера Мар...

Најчитани неделава