Направи разлика - Стани европски лидер за одржлива конкурентска предност

Економски факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во соработка со најголемата интернационална студентска платформа АИЕСЕК, традиционално по четврти пат ја најавуваат Меѓународната летна школа - 2014 „Направи разлика - Стани европски лидер за одржлива конкурентска предност.

napravi-razlika-stani-evropski-lider-za-odrzliva-konkurentska-prednost-01

Школата ќе се одржи од 8 -17ти август 2014 година во Охрид а краен рок за пријава е 31ви мај, 2014 година (23:59 часот).

Концептот за реализација на Летната школа 2014 обединува напредни методолошки концепти за одржлива конкурентност во ЕУ и САД; Емпириски елаборации на 6 реални бизнис модела на одржлива конкурентска предност - 3 од Македонија, 3 од ЕУ/САД; Студиски посети во изворно работно окружување на 2 македонски конкурентни бизниси; Проектна анализа и решавање на 5 зададени предизвици за одржливата конкурентска предност.

Работен јазик на Летната школа ќе биде англискиот јазик.

„Во годината во која го прославува својот 64-ти јубилеј, Економскиот факултет - Скопје, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје традиционално, по 4-ти пат, во целосна соработка со AIESEC Скопје, Ве повикува да ни се придружите на нашата летна школа, која оваа година е посветена на едно од највиталните прашања за опстанок и развој на секој систем (бизнис субјект, факултет итн.) - создавање и одржување на нивната препознатлива конкурентност“, се вели во најавата за настанот.

Сите заинтересирани може да аплицираат тука, а повеќе информации може да дознаат на веб страната на летната школа.

Би можело да ве интересира:

Кирил Ангелов, жртва на педофил од Велес, ќе пешачи 111km за кревање на свеста за сексуалното злоста... „Организирам пешачење за подигнување на свеста за сексуално злоставување на деца...
Македонка со трогателна објава за свекрвата што ја изгуби: „Спокој ми дава што син ми ја имаше во жи... „И кога ќе ви кажат „со време поминува сè, воопшто да не верувате. Баш затоа што...
Скопје убаво си ни и покрај сè: Есенската идила во Градскиот парк (фото+видео) И додека тонеме во ѓубре и воздухот мириса на пластика и срцето нè боли за тоа ш...
Заловен волк во скопската населба Козле – некој го чувал како миленик, сега е згрижен во ЗОО Скопје Според објава на ЗОО Скопје и Тина Мицковска, синоќа во скопската населба Козле ...
Ангела од Скопје со силна порака за мајките кои мислат дека не прават доволно: „Ако нахрани, прегрна... „Ајде да го преброиме тоа невидливото што го правиш, а што не го гледаш… ако нах...
„Малку работи се поубави од празно Скопје, мекици за појадок кај баба, смокви набрани од дедо“ - Maк... „Има еден носталгичен момент кога одиш кај баба ти и дедо ти во лето на гости. С...

Најчитани неделава