Во Македонија стартува BuzzBase - прв сервис кој ви нуди заработка од активноста на социјалните мрежи

На македонскиот пазар премиерно започна со работа нов сервис за промоција на дигитални содржини кој им овозможува на активните корисници на социјалните медиуми да заработат од својата влијателност.

vo-makedonija-startuva-buzzbase-prv-servis-koj-vi-nudi-zarabotka-od-aktivnosta-na-socijalnite-mrezi-02.jpg

BuzzBase е првата светска платформа за дистрибуција на содржина која во фокус го става споделувањето на виралните содржини на социјалните медиуми.

„Во светот со години постојат сервиси за дистрибуција на содржина, но ова е првиот кој им дава шанса на оние кои се влијателни на Facebook и Twitter да го валоризираат тоа. Нашата стратегија започнува од Македонија, пазар кој најдобро го знаеме, но плановите се далеку поголеми. BuzzBase веќе доби позитивен прием на неколку светски конференции и натпревари за стартапи“ - изјави Дарко Булдиоски, еден од креаторите на сервисот.

vo-makedonija-startuva-buzzbase-prv-servis-koj-vi-nudi-zarabotka-od-aktivnosta-na-socijalnite-mrezi-01.jpg

BuzzBase на брендовите им овозможува полесно достигнување до голема публика на многу ефективен и брз начин, а притоа на своите корисници им дава комплетна контрола над објавите. На тој начин ја задржува оригиналноста на изразот кај секој автор.

Светските истражувања потврдуваат дека препораките од пријатели и роднини се најмоќната маркетинг алатка. Глобалните пракси велат дека 81% од потрошувачите се под влијание на објавите на своите пријатели на социјалните медиуми, а 43% од потрошувачите би купиле производ кога за него би дознале преку социјалните медиуми.

Затоа, Buzzbase е креиран да одговори на овие промени во дигиталната економија. Сервисот е од корист и за корисниците и за самите огласувачи.

vo-makedonija-startuva-buzzbase-prv-servis-koj-vi-nudi-zarabotka-od-aktivnosta-na-socijalnite-mrezi-03.jpg

Buzzbase ги мери кликовите на споделените содржини, лајковите, дискусиите, споделувањата и секоја опција која е возможна на социјалните мрежи, па според тоа се утврдува успешноста на објавата.

„Сега за сега следиме кликови, лајкови, коментари, споделувања, ретвити, фејворитс... а сервисот овозможува и таргетирање по демографски карактеристики, интерес, влијание и популарност и секако перформанси во претходни кампањи“ појаснува Катерина Стојановска, лидер на техничкиот тим кој стои зад сервисот.

Доколку сакате да започнете со новото, забавно искуство побарајте активациски код на Twitter или пријавете се на buzzbase.mk/#i-wanna-buzz.

Зa сите дополнителни информации посете ја Фејсбук страната на Buzzbase.

BuzzBase.mk е креиран како партнерски проект од страна на две искусни агенции за дигитален маркетинг - наградуваната агенција Њу Медиа Маркетинг и единствената Facebook Preferred Marketing developer компанија на Балканот, ИМ.мк.

Би можело да ве интересира:

Катарина Ивановска, Атанас Атанасовски - Кои познати Македонци имаат првачиња? Први септември - денот кој им носи најголема радост и возбуда на првачињата, кои...
Мартина Михајловска (27) е згодна мајка - ужива на плажа со синот Матиас (3) и ќерката Алана (6) Поранешната водителка, која ја споредуваат со Ева Мендез, многу ретко објав...
Александра Пријовиќ плаќа 30.000 евра за градинка на синот – го носи возач со луксузен автомобил „Александра го сака само најдоброто за своите деца. Не ја интересира што мислат ...
Ќерката на Љупка Митрова е матурантка со впечатлив стил - Жолт фустан со многу детали, креиран од ма... Жолтиот матурски фустан со корсет нема прерамки, а предниот дел над градниот кош...
Ноќеска почнува зимското сметање на времето - ќе трае до март Ноќта кога почнува зимското сметање на времето, добиваме еден час повеќе за спие...
Александар Динев: „На 15 години имав обид да си го одземам животот“ „Кога почнаа да стигаат тие негативни коментари, особено пораки дека сакаат да м...

Најчитани неделава