Мартина Михајловска (27) е згодна мајка - ужива на плажа со синот Матиас (3) и ќерката Алана (6)
- Детали
- среда, 20 август 2025
Поранешната водителка, која ја споредуваат со Ева Мендез, многу ретко објавува фотографии од децата на социјалните мрежи, но денес направи редок исклучок и со своите следбеници на Инстаграм сподели мали семејни моменти во кои ужива.

Мартина Михајловска (27), која се прослави како модел и водителка на естрадниот магазин Бекстејџ, а многумина и денес ја споредуваат со актерката Ева Мендез, ужива во семејниот живот.
Одамна се откажа од водителската улога, а денес повремено работи како модел, но внимателно ги бира своите соработници.

Во меѓувреме се омажи за бизнисменот Виктор Илоски, кој е сопственик на неколку локали и хотели во Охрид и низ Македонија и со него доби две деца, ќерката Алана (6) и синот Матиас (3).
Мартина е посветена мајка која се грижи за децата, а многу ретко објавува нивни фотографии на социјалните мрежи.

Еден од ретките исклучоци се фотките од летниот одмор кои го објави денес на Инстаграм, а со своите следбеници сподели мали семејни моменти - на плажа со децата, ручек со сопругот, додека ужива на плажа.
Погледнете ги фотографиите:





Прочитајте и Мартина Михајловска за стилот и убавината: „Не правам козметички третмани на лице, никогаш не сум облекла тренерки“
А. Ј. | Црнобело