И познатите дел од хуманитарната акција на Стопанска банка „Подари насмевка“

Хуманитарната акција на Стопанска банка „Подари насмевкаˮ полека ги освојува срцата и на познатите личности кај нас. Желбата да се соберат што повеќе насмевки, а со тоа Стопанска банка ќе донира што повеќе средства во детските здравствени центри низ Македонија не ги остави рамнодушни радиските водителки Елена Стојановска Јанковска (Радио „Слободна Македонија“) и Даниела Станоевска Џидрова (Антена 5 радио).

i-poznatite-del-od-humanitarnata-akcija-na-stopanska-banka-podari-nasmevka-02.jpg

Поддршката која тие ја дадоа на оваа акција е со цел да придонесат да се зголеми бројот на насмевки и воедно да ги повикаат и поттикнат и остантите луѓе кои тоа се уште не го направиле да им се приклучат: „Верувам дека со оваа акција сите заедно ќе успееме да израдуваме многу дечиња и нивните родители со тоа што ќе се купи што посовремена опрема за дијагностицирање на многу болести и нивно успешно лечење. Како мајка на две дечиња, Миа и Максим, би била уште посреќна доколку се овозможи што пософистицирана опрема во Детските здраствени домови. Подарете насмевка за да собереме еден милион насмевки за подобро утре на сите деца“, вели Дени.

Како мајка на малечата Илина и Елена Стојановска Јанковска не остана рамнодушна на повикот и акцијата да се насмевне за подобри детски здравствени центри: „ Нема ништо поубаво на светот од тоа да видите здраво, разиграно, палаво дете кое ќе ви се насмее и ќе ви даде зелено светло да го гушнете. Нема ништо поскапоцено од малите рачиња што ќе ве погалат, нежното гласче кое ви поставува прашања кои и самите не знаете да си ги одговорите. Имам само една желба, здрави деца кои незнаат за болка, за разочарување, за несреќа. Да им помогнеме на суштествата кои ни даваат причина за постоење, причина за живот, да се насмевнеме за малите луѓе, ВЕДНАШ!

i-poznatite-del-od-humanitarnata-akcija-na-stopanska-banka-podari-nasmevka-01.jpg

Акцијата „Подари намсевка“ ќе трае во текот на целото лето, во неа може да се вклучи секој хуман граѓанин кој има желба да помогне и тоа со едноставно подарување на својата насмевка. Донацијата на насмевка е многу едноставна! Потребно е само да ја посетите Facebook фан страницата на Стопанска банка, да ги следите упатствата, и да креирате или да прикачите своја постојна фотографија како се насмевнувате.

Бројот на насмевки кои едно лице може да ги подари е неограничен, а колку повеќе насмевки се соберат, толку повеќе средства Стопанска банка ќе донира во детските здравствени центри низ Македонија.

Насмевка може да се дарува и на веб банерите поставени на најпосетуваните интернет страници, преку фото-патролите низ Македонија или пак на фото-тотемите поставени во филијалите на Стопанска банка. Треба само да се следат упатствата испишани на екранот и едноставно да се насмевнете со вашата најубава насмевка.

Да помогнеме во обезбедувањето нова опрема во детските здравствени домови.

Заедно да собереме еден милион насмевки!               

Би можело да ве интересира:

Елена Најдоски ужива со сопругот во Пуља - На вечера во ресторан со Мишелин ѕвезда, марама Dior, јах... Од марама Dior во комбинација со бели очила и мини фустан за пловидбата со јахта...
Елена Трпчевска од Скопје: „Бев на одмор во Грција со две мали деца без баба - како поминав, со или ... „И да, не беше лесно. Имаше хаос, логистика до бесвест, плачење, умор… милион си...
Елена Ристеска скршена од болка: „Ах бре Пане, не стигнав да ти кажам колку те сакам, а си замина“ „Не знаев дека волку ќе боли како за роден брат! Ми беше брат кој никогаш го нем...
Сања Николиќ и синот играат - Слаткар ги снима, Елена Велевска во подморница во Охрид: Што прават на... Бока Конга чука на конгите, а Србинките го гледаат со подотворени усти... Низа в...
Елена Ристеска прослави 40-ти роденден – блескаше во бел аутфит, Антониа и Весна Бејби пееја, па дув... Антониа Гиговска пее со Роки од бендот на Тоше, Весна Петрушевска пееше песна од...
Јелена Карлеуша со нов напад против Цеца: „Оди кај гатачки и бајачки со мои фотографии, а тие жени м... „Нејзината опсесија е толкава претпладне кај бајачка, а навечер во храм на молит...

Најчитани неделава