UNIQA осигурување со нов продукт: Каско Плус

Зголемена контола и безбедност при патувањето, како и можност за подобрување на профитабилноста на компаниите!

uniqa-osiguruvanje-so-nov-produkt-kasko-plus-01.jpg

UNIQA Осигурување неодамна го воведе својот нов производ  КАСКО ПЛУС,со кој е обезбедена  зголемена контрола и безбедност при патувањето, како и можност за подобрување на профитабилноста на компаниите.

Сите оние кој ќе вклучат тригодишен договор за Каско осигурување со траење од три години ќе добијат и голем број на бенефиции како бесплатен ГПС уред, бесплатна инсталација како и попуст на претплатата.

ГПС локаторот може да се користи за лична употреба и при тоа овозможува увид и различни видови на известувања на вашето возило со што се зголемува неговата безбедност – полесно пронаоѓање на возилото при кражба и други поволности и извештаи. Додека компаниите кои ќе го вградат UNIQA ГПС системот ќе имаат опции за зголемена контрола врз возниот парк како и подобрување на продуктивноста и работната дисциплина, а исто така ќе се спречи и неавторизирано користење на возилата во рамките на  компанијата.

Сето ова ќе доведе до намалување на трошоците за гориво, сервис и осигурување на возниот парк на компанија која го поседува ГПС уредот, воедно зголемувајќи ја и нивната сигурност.

„Среќни сме што на пазарот воведуваме нов продукт кој се надеваме за кратко време ќе наиде на голем интерес кај нашите клиенти. Придобивките се навистина огромни, а искуствата од другите земји каде веќе се користи оваа ГПС услуга се на завидно ниво. Со негова помош лесно ќе се следи локацијата на возилото во живо, се креираат извештаи за местата на посети, времетраење на секое застанување, потрошувачка на гориво, известување за влегување и  излегување од определена зона, известување за надминување на максималната брзина на делницата од патот, информации за нагло сопирање и забрзување и многу други придобивки кои следуваат со Каско осигурувањето на моторни возила.  Сметаме дека со новиот продукт Каско Плус, UNIQA Осигурување, ќе понуди исклучителен производ кој ни овозможува многу добра основа за нашиот понатамошен развој“, изјави Босилка Димитрова, член на Управниот одбор на УНИКА а.д. Скопје и одговорна за развојот на нови осигурителни продукти.

Би можело да ве интересира:

Бобан од Куманово ја запроси Јована за време на авионски лет кон Германија, со помош на стјуардесите... „Имам брат и снаа кои живеат во Германија и се имавме договорено да oд...
Маја Кикириткова заглави на аеродром во Истанбул, Ева Нединковска се бакнува со дечкото: Што прават ... Кики Мукаетова прошета низ Рим со кул палто со натпис на грбот, Ирина Камилоска ...
Дарио Ивановски: „На 18 години победив на трка во Кичево и освоив бик - го продадов за да си купам а... „Ме седнува менаџерот и вели: 'Во Кичево имаат традиција старите селани, се...
Лила и Биг Мама го истражуваат Бразил - Непријатна случка во Сао Паоло, се будат со поглед на Копака... Во Сао Паоло Лила доживеа и мала непријатност - додека преминуваше улица, Биг Ма...
Јелена Карлеуша со нов напад против Цеца: „Оди кај гатачки и бајачки со мои фотографии, а тие жени м... „Нејзината опсесија е толкава претпладне кај бајачка, а навечер во храм на молит...
„Броиме чекори и калории, зависни сме од нотификации за попусти“ - Македонка алармира во какви кафез... „Колку чекори направи денес? Дали си го закажа следниот термин за нокти точ...

Најчитани неделава