Успешно спроведен едукативниот проект на Пакомак „3Д Еко автобус“ во основните училишта во општина Карпош

3300 Ученици од I-V одделение беа дел од еколошкото патување во “3Д Еко автобусот“, караванот пордолжува понатаму и во другите скопски училишта.

uspesno-sproveden-edukativniot-proekt-na-pakomad-3d-eko-avtobus-vo-osnovnite-ucilista-vo-opstina-karpos-01.jpg

Веќе цел месец во рамките на основните училишта во општина Карпош се одвиваше едукативниот проект на Пакомак „3Д Еко автобус“ наменет за ученици од прво до петто оделение.

До сега беа опфатени 10 училишта од општината, а наствата ја посетија 3300 ученици. Караванот продолжува во општина Аеродром и идејата е да посетат вкупно 60 основни училишта, од 6 општини од Скопје или поточно 19.000 деца од прво до петто одделение.

Проектот е замислен како 40 минутна 3Д интерактивна обука со предавање, проекција на 3D филм и игра-тест со систем за интерактивно поврзување со публиката која се одвива во рамките на еколошкиот автобус, стациониран во близина на училиштата.

Целта е преку забавна и интерактивна програма децата да се здобијат со знаење и личен позитивен однос кон одделно собирање на отпадоците од пакување и придобивките за сите нас, градот, во кој живееме, животната средина и општеството како целина, како и формирање на навики за секојдневно одговорно однесување кон околината.

Овој проект минатата година во Бугарија се покажа како извонредно успешен, па позитивните искуства од соседството Пакомак ги пренесува и во училиштата кај нас со цел да се мотивираат децата за активно однесување и пренесување на наученото меѓу пријателите и во семејната средина.

uspesno-sproveden-edukativniot-proekt-na-pakomad-3d-eko-avtobus-vo-osnovnite-ucilista-vo-opstina-karpos-02.jpg

Според наставниците овој проект го привлекло и задржало внимението на учениците.

„Преку разговорите кои ги имавме после наставата се чини дека нивната мотивираност и желбата да се инволвираат во процесот на рециклирање е поискристализирана. Поставуваат прашања и даваат идеи за тоа како подобро да се организираме за да собереме што повеќе пластичен отпад. Задоволстовто да се видат позитивните резултати од напорите кои ги прави Пакомак за да ги едуцираме во вистинска насока најмладите е навистина голема“, изјавија наставниците од училиштaтa“, вели една од наставничките од основното училиште Јан Амос Коменски.    

Дополнително на веб страницата на Пакомак има квиз натпревар на кој што децата после презентацијата можат да го играат со своите родители со цел заеднички да се едуцираат и информираат за рециклирањето.

Би можело да ве интересира:

Кристина Арнаудова револтирана откако обезбеди летување за 26 деца: „Аплаузи се резервирани за оние ... „Мојот живот веќе 11 години е воглавно ова. Борба за секоја една донација. И за ...
Ева Нединковска со фотки од свршувачката: „Пред него, мислев дека е сила да успеваме јас и ќерката с... „11.4.2026, сабота пред Велигден. Наш ден, веридба. Ден за ветување, посветување...
Антониа Гиговска во ауфит со градник од тантела и чорапи над колена ги критикува колегите за промоци... Антониа откри дека нејзиниот албум ја чинел колку еден мал стан, односно повеќе ...
Астрологот Зоран Крстевски: „Станав самохран татко кога децата имаа 3 и 6 години, се видов во наталн... „Кога седнавме да ѝ ја направам наталната карта, се видов себеси во неа. Анализи...
Јелена Карлеуша со нов напад против Цеца: „Оди кај гатачки и бајачки со мои фотографии, а тие жени м... „Нејзината опсесија е толкава претпладне кај бајачка, а навечер во храм на молит...
Потресна сцена од Крива Паланка: „Стоеше 5-годишно девојче на студот, босо по влечки, беше ненаметли... „Денес пред маркет во Крива Паланка стоеше девојче од 5 години, помагаше со коли...

Најчитани неделава