Традиционален Новогодишен карван на Фондацијата Т-Мобиле за Македонија

Вработените во Т-Мобиле и Македонски Телеком ќе им донесат радост на над 2.000 деца низ Македонија

tradicionalen-novogodisen-karavan-na-fondacijata-t-mobile-za-makedonija.jpg

Фондацијата Т-Мобиле за Македонија традиционално веќе 13 година по ред ќе организира хуманитарен Новогодишен карван за најранливите групи на деца. Караванот ќе ги посети дечињата без родители, децата со посебни потреби, со оштетен слух и вид, децата со телесен инвалидитет и децата од социјално загрозени семејства за кои специјално ќе биде организирана Новогодишна претстава и ќе им се поделат пакетчињата.

Крајот на годината за нас секогаш значи посета на најранливите категории на дечиња низ Македонија и незаборавно дружење со нив. Овој период е карактеристичен по дарувањето, споделувањето на добрата мисла и новогодишните желби, па затоа сакаме да се свртиме кон оние дечиња на кои вниманието и љубовта им е најмногу потребна и да се обидеме барем за момент да им измамиме топла насмевка, велат волонтерите.

Караванот го реализираат волонтери, вработени во Т-Мобиле и Македонски Телеком. Оваа година од 17 до 30 декември, волонтерите ќе посетат над 2.000 деца низ Македонија. Секоја година се посетуваат различни установи, за да се опфатат што повеќе деца, но целта останува иста – да се даде таму каде што е најпотребно.

Новогодишниот карван ќе ги посети:

  • СОС Детското село, ПОУ „Маца Овчарова“ – Велес,
  • ПОУ „Златeн Сремeц“ и ПОУ „Иднина“ во Скопје,
  • Здружението за деца со аутизам „Во мојот свет“,
  • ПОУ „Свети Климент Охридски“ во Ново Село,
  • Детската хирургија, Детската болница во Козле,
  • Дневниот центар за деца со посебни потреби од Прилеп,
  • Одделенијата за детски болести во Градските болници во Прилеп, Битола, Штип, Велес,  Струмица, Охрид,
  • Дневниот центар за деца со церебрална парализа во Железара, 
  • Децата во интернат при Основното училиште „Гоце Делчев“ во Љубанци,
  • Заводот за рехабилитација на деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов” и децата од предучилишна возраст во Скопје и Детскиот дом „11 Октомври“ во Скопје,
  • Заводот за деца со оштетен Слух „Kочо Рацин” и Заводот за рехабилитација на говор, глас и звук во Битола,
  • Дневните центри за деца на улица во Шуто Оризари и Автокоманда и Кисела Вода, 
  • Здружението „Сумнал”, деца на самохрани родители членови на „Минус и Плус”,
  • Домот за деца со воспитно-социјални проблеми „25 мај” во Скопје,
  • Дневниот центар за деца со посебни потреби во Крушево, децата жртви на семејно насилство и децата во интернат при ОУ „Христија Тодоровски Карпош” во Куманово,
  • Децата со посебни потреби во градинката, во ОУ „Лирија” и “Андреја Савески –Кикиш ” во Тетово,
  • Децата со посебни потреби во Дебар,
  • Државно средно училиште за глуви „Партение Зографски”,
  • Децата во паралелки за деца со посебни потреби во Кавадарци,
  • Детскиот оддел на болницата „Свети Еразмо” во Охрид,
  • Децата згрижени во дом семејства во Скопје,
  • Здружението „Ластовица” и децата кои го посетуваат Заводот за рехабилитација на говор, звук и глас во Скопје.

Би можело да ве интересира:

Скопје убаво си ни и покрај сè: Есенската идила во Градскиот парк (фото+видео) И додека тонеме во ѓубре и воздухот мириса на пластика и срцето нè боли за тоа ш...
Македонка со трогателна објава за свекрвата што ја изгуби: „Спокој ми дава што син ми ја имаше во жи... „И кога ќе ви кажат „со време поминува сè, воопшто да не верувате. Баш затоа што...
Бобан од Куманово ја запроси Јована за време на авионски лет кон Германија, со помош на стјуардесите... „Имам брат и снаа кои живеат во Германија и се имавме договорено да oд...
Астрологот Зоран Крстевски: „Станав самохран татко кога децата имаа 3 и 6 години, се видов во наталн... „Кога седнавме да ѝ ја направам наталната карта, се видов себеси во неа. Анализи...
Марио од 2Бона: „Девојка ми ми кажа дека не може да остане бремена - сега имаме 3 ембриони спремни з... „Ми рече не можам да останам трудна, родена сум со синдром. Mojaта реакција беше...
Елвин, иден онколог од Штип, ја изгуби мајка си од рак: „Нејзината најголема грижа додека беше болна... „Мајка ми ја водеше најтешката битка во животот — битката со канцерот. Но, не са...

Најчитани неделава