Невидливата мрежа која живот значи!

Ако некогаш мобилните телефони служеа само за повици, денес тие имаат буквално милион персонализирани намени. Токму затоа постојано се воодушевуваме на новите генерации паметни телефони, кои секогаш изненадуваат со свежи, иновативни технологии.

nevidliva-mreza-koja-zivot-znaci-001.jpg

Технологии за кои не сме знаеле дека постојат, преку ноќ стануваат нешто без кое не би можеле да живееме. Камерата на новиот iPhone или батеријата на новиот Samsung и милион слични теми го опседнуваат нашето секојдневие, претворајќи ги мобилните телефони во предмети на посакуваност.

Но, сте размислиле ли некогаш што би се случило кога би снемало мрежа?

Одговорот е едноставен - рибарите би останале без улов, пајаците би останале гладни, многу љубовни средби не би се оствариле, а мобилните телефони одеднаш би се претвориле во најобични, непотребни предмети! Токму затоа мобилната мрежа е клучна во функционирањето на мобилните телефони. Таа го претставува невидливиот дел од технологијата, кој на мобилните телефони им дава смисла и живот.

Добрата мобилна мрежа ни овозможува да водиме бизниси, да ја проверуваме временската прогноза, споделуваме слики и видеа или гледаме ТВ.

nevidliva-mreza-koja-zivot-znaci-02.jpg

Главниот заклучок од истражувањето на реномираната истражувачка агенција Брима, дел од TNS групацијата и македонски член на GALLUP International е дека мрежата на Т-Мобиле е најдобра во земјава. Со тоа се согласуваат дури 68 отсто од граѓаните на Република Македонија.

Истражувањето е спроведено во февруари оваа година преку интервју со случајно избрани граѓани по утврдена методологија кои доброволно одговараа на прашања поврзани со работењето на телекомуникациските оператори, нивните услуги и производи. Беа опфатени 1000 граѓани на возраст над 15 години.

Кога на ова ќе додадеме и дека Т-Мобиле прв ја воведе 4G во Македонија и за една година постигна над 50% покриеност на населението, станува јасно дека се работи за најдобриот оператор во земјата. Овој оператор со својата стабилност и сигурност им овозможува беспрекорно функционирање на сите корисници во својата мрежа.

Би можело да ве интересира:

Анета Љумаковска со новиот дечко во Германија, Даниел Кајмакоски направи крштевка за ќерката - Што п... Дарко Димитров со две фотки откри дека игра тенис и го обожава овој спорт, Елена...
Александар Динев: „Некогаш ми беше срам да кажам дека сум дете од село, но никогаш нема да заборавам... „Пораснав во с. Балинци. Место каде што деновите почнуваат рано, каде што рацете...
Јелена Спенџарска, Кристина Арнаудова - Познатите Македонци со осуда за однесувањето кон Дара, евров... „Ја навредуваа без крај и без осет, една млада девојка на почеток на кариера, а ...
Изјава на Македонка стана вирална, по случката во Ѓорче: „Некогаш било срамота да си глуп, сега е мо... „Постарите луѓе што се родени до крајот на 60-тите, дури и оние кои биле најглуп...
„Броиме чекори и калории, зависни сме од нотификации за попусти“ - Македонка алармира во какви кафез... „Колку чекори направи денес? Дали си го закажа следниот термин за нокти точ...
Стефан Лазаров: „Сакам да ме гледаат како лик кој немал ништо во животот и создал сè сам во својата ... „Некој ќе каже во Македонија сме такви (критикуваме). Не, не, секаде е така. Дур...

Најчитани неделава