Отворена е најмодерната Nike продавница во Македонија

Скопје, 8.мај 2015 – Во трговскиот центар „Скопје Сити Мол“ отворен е најмодерниот и најголем Nike Shop во Македонија, кој по опременоста и иновациите стои рамо до рамо со Nike продавниците во најголемите светски метрополи. На свеченото отворање на кое присуствуваа Nike промотерите, спортисти, медиуми и познати личности, претставен е најновиот концепт на Nike продавници, со уникатна понуда од различни категории, со акцент на тренинг опрема за жени, но и трчање, sportswear и кошарка.

otvorena-e-najmodernata-nike-prodavnica-vo-makedonija-1.jpg

Следејќи го светскиот тренд на градско трчање, Nike и во Македонија ќе почне да ги поддржува љубителите Новиот Nike Shop ќе биде главна шопинг дестинација за девојките кои редовно тренираат, но и за сите љубители на трчањето и да го популаризира трчањето како вид на рекреација, исто како и женскиот тренинг. на брендот Nike. 

”Nike брендот како лидер и иноватор ја отвори најмодерната спортска продавница во Скопје, дестинација која на потрошувачите ќе им понуди шопинг искуство по светски стандарди. На купувачите ќе им бидат достапни модели кои досега не беа присутни на нашиот пазар. Во следниот период ќе настојуваме на купувачите не само во Скопје, туку и ширум Македонија, да им дадеме поддршка да ја пронајдат својата спортска страна и да се активираат во спортот. Во план е организација на голем број тренинзи на отворено и групно трчање на различни градски локации ширум Македонија”, истакна Игор Трпковски, директор на Sport Vision кој е застапник на брендот Nike во Македонија.

На отворањето, специјален гостин промотор беше Кокан Ајановски, професионален тренер за трчање, од кого посетителите можеа да добијат извонредни совети за трчање, како и информации за иновациите во Nike производите. Покрај него, на отворањето присустуваа и многу јавни личности и спортисти, додека оригинална музичка изведба имаа Панчо и Андреј од ДНК. Целиот настан го надополни извонредниот ДЈ сет на Гоце САФ, кој со тоа што и приватно е колекционер на Jordan патики, го прави идеален член на семејството Nike.

otvorena-e-najmodernata-nike-prodavnica-vo-makedonija-2.jpg

otvorena-e-najmodernata-nike-prodavnica-vo-makedonija-3.jpg

otvorena-e-najmodernata-nike-prodavnica-vo-makedonija-4.jpg

otvorena-e-najmodernata-nike-prodavnica-vo-makedonija-5.jpg

otvorena-e-najmodernata-nike-prodavnica-vo-makedonija-6.jpg

Би можело да ве интересира:

Македонка со трогателна објава за свекрвата што ја изгуби: „Спокој ми дава што син ми ја имаше во жи... „И кога ќе ви кажат „со време поминува сè, воопшто да не верувате. Баш затоа што...
Скопје убаво си ни и покрај сè: Есенската идила во Градскиот парк (фото+видео) И додека тонеме во ѓубре и воздухот мириса на пластика и срцето нè боли за тоа ш...
„Малку работи се поубави од празно Скопје, мекици за појадок кај баба, смокви набрани од дедо“ - Maк... „Има еден носталгичен момент кога одиш кај баба ти и дедо ти во лето на гости. С...
Дечко од Скопје: „Во Охрид 2 големи пици, пиво и винце платив 1.170 денари, до езерото среде сезона ... „И годинава традиционално се фрла отров по Охрид, нормално, се изначитавме безбр...
Браво! Брачен пар спасува улични кучиња од Скопје и ги носи кај нив во САД за да ги вдомат „Сакаме да спасуваме кучиња од улица и веќе 9 години го правиме тоа од срце, без...
Јасна од Скопје со позитива на денот: „На најомразениот семафор што душа ми вади, добив порака што м... „Тргам од парк кон Водно, со планиран стрес поради лошо регулираните семафори, н...

Најчитани неделава