Скопски Карпош исчистен и разубавен

Продолжува успешната акција на Пакомак и на Тинекс маркетите за пролетно чистење на подрумите.

skopski-karpos-iscisten-i-razubaven-04.jpg

По одличниот одзив на граѓаните во акцијата за чистење на подрумите од средината на април, Пакомак и Тинекс маркетите овој пат одлучија да го активираат локалното население од Карпош 4 во акцијата „Пролетно чистење на подрумите“.

Оваа иницијатива ги мотивира граѓаните да ги исчистат своите подруми, шпајзови, лоџии и други простории и да се ослободат од стаклото што не го употребуваат, а кое со години фаќа прав и пајажина.

Акцијата што се реализираше на 16 и 17 мај беше одлично прифатена, а во само два дена беа собрани над 7.500 килограми стакло кое се одложува во специјализираните контејнери поставени пред  двата Тинекс маркети во Карпош 4. За 7 шишиња или тегли, граѓаните добиваа пролетно семе за цвеќе за своите тераси и дворови. 

skopski-karpos-iscisten-i-razubaven-02.jpg

„И првата и втората фаза од акцијата „Пролетно чистење на подрумите“ ни потврди дека ваква иницијатива одамна недостасувала, а количината на собраното стакло потврдува дека многумина од нас чуваат нешта кои навистина никогаш не ги употребуваат. Но веќе е познато дека она во што другите гледаат отпад, Пакомак гледа корисен материјал. Затоа ги повикувам сите да се ослободат од стаклото кое повеќе не го употребуваат, а ние ќе се погрижиме да го рециклираме“ - изјави Ико Брдароски, Менаџер за грижа на корисници во Пакомак.

Тинекс маркетите се трудат да овозможат поддршка на проекти од општествено значење и подобрување и унапредување на околината. Заедно со Пакомак и со потрошувачите покажаа висока свест и одговорност кон животната средина и еден од најголемите  предизвиците на современото живеење - отпадот.

Стаклото зафаќа голем дел од домаќинскиот и индустрискиот отпад, сметајќи на тежината и на густината на материјалот. Се произведува од природни материјали е идеален материјал за рециклирање, бидејќи може да се рециклира бесконечно.

Пакомак ќе продолжи со акцијата на собирањето на амбалажен отпад од стакло, но и со разубавување на терасите и дворовите на граѓаните.

skopski-karpos-iscisten-i-razubaven-01.jpg

Би можело да ве интересира:

Бранкица од Пробиштип прави торти за деца кои не можат да си дозволат: „На едно од нив никогаш не му... „Боледувам од Мултипла склероза, па затоа секоја насмевка на малите сонца ми ја ...
CRNOBELO анкета: Што би направиле скопјани кога би биле избрани за градоначалници на главниот град? „Би ги срушил сите дивоградби кои го блокираат градот, би вратил дел од зеленило...
Британски турист се вљуби во Македонија и сакаше да плови по Вардар, но заглави во купишта отпадоци:... „Ова буквално е цунами од ѓубре како што можете да видите. Утре ќе се обидеме по...
Мотоциклистот Христијан Бузалковски и пријателите собраа 1.600 пакетчиња за деца од ранливи категори... „Особено ми го стопли срцето моментот кога делевме пакетчиња во затворот во Шуто...
Календар со неработни денови и државни празници за 2026 година Календарот со неработни денови и државни празници за 2025 веќе го подготвивме и ...

Најчитани неделава