„Капитол Резиденс“ - За луѓе кои знаат што сакаат!

Доколку сакате да живеете или работите во простор со многу светлина и хармонија, место направено по највисоки стандарди од секој аспект, не двоумете се - „Капитол Резиденс“ е вистинскиот избор. Станува збор за екслузивни станови и деловен простор, кои се продаваат по специјална цена од 1.099 Евра/м2.

kapitol-rezidens-za-lughe-koi-znaat-sto-sakaat-1.jpg

Креиран по европски терк, уште веднаш штом ќе влезете во комплексот „Капитол Мол & Резиденс“ ќе ја почувствувате позитивната енергија на просторот и на ентериерот, домаќинската атмосфера, создадена со многу љубов од инвеститорите, кои воопшто не штеделе на материјали и средства при неговата изградба, нешто што е очигледно дури и на прв поглед.

Лоциран во скопската населба Аеродром, овој простор нуди беспрекорна звучна и топлотна изолација, а материјалите кои се употребени за ѕидовите се од највисок квалитет и тоа: YTONG и KNAUF со нивни помошни материјали. Посебно внимание е посветено на термиката на самите станови. Ѕидовите се изведени од ѕидови со дебелина од 20cm и демит фасада со камена волна од производителот КНАУФ (д-8 см) преку која е поставена квалитетна завршна обработка на фасадата. Како дополна на квалитетните ѕидови во сите простории поставени се алуминиумски прозори и врати со термо мост, а истите застаклени со трослојно стакло од кое едното е и 4 сезонско што овозможува коефициентот на губење на топлина да е помал од единица. Ова овозможува максимална заштеда на енергија потребна за загревање во зимскиот период и ладење во летниот период.

kapitol-rezidens-za-lughe-koi-znaat-sto-sakaat-2.jpg

Посебни лифтови водат во „Капитол Резиденс“, а постои и директна комуникација со Трговскиот центар Капитол мол и со Фитнес центарот, со беспрекорно зачувувањето на дискретноста на деловниот простор и приватноста на домовите. Трите нивоа на подземниот паркинг-простор обезбедуваат места за повеќе од 450 возила: едно ниво е резервирано за станарите во „Капитол Резиденс“ и две нивоа на гаражата се достапни за посетителите на „Капитол Мол“. Комплексот има 24 часа обезбедување.

Овој комплекс афирмира поинаков квалитет на работа и живеење, комбинирајќи го домувањето со атрактивните содржини на еден современ трговски центар. Концептот на овој комплекс е да привлече луѓе кои знаат што сакаат и кои напорно работат за да го постигнат тоа, но во исто време максимално уживаат во животот.

За сите дополнителни прашања контактирајте нè на - Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Би можело да ве интересира:

Центар со поддршка за семејствата на летниот распуст, ги отвораме градинките за ученици до 10 годин... Општина Центар и оваа година обезбедува летно згрижување за деца до 10 годишна в...
„Бев на концертот на Петар Грашо и Дорис Драговиќ во Скопје - Зошто Дорис (64) е вистинска дива и пр... „Братучетка ми, во своите рани 20-ти знаеше само една песна од ТикТок, сестра ми...
Годишен хороскоп за 2026: Лав 2026 година за Лавовите носи динамика, важни пресврти и силни лекции на љубовен,...
Јасна од Скопје со позитива на денот: „На најомразениот семафор што душа ми вади, добив порака што м... „Тргам од парк кон Водно, со планиран стрес поради лошо регулираните семафори, н...
Денес се слави Св. Ана, мајката на Богородица - Ѝ се молат жени и парови кои сакаат да добијат деца Православните христијани денес (7 август), го празнуваат успението на Св. Ана, м...
Апел од наш доктор: „Ве молам денар да не давате на 'просјаците' во Клинички центар во Скопје, цела ... „Најсиромашните што движат по Клинички Центар во Скопје, скромни стуткани луѓе с...

Најчитани неделава