БАКАЛ не е само ресторан, туку цела приказна!

Ресторанот Бакал е како мало островче во тетовското село Брвеница. Тоа не е само ресторан, туку цела приказна..Секој што ќе влезе внатре има чувство како да стапнува на друга земја, оти егзотичните растенија и жуборот на водата кои создаваат рајска градина навистина даваат посебен амбиент. Фонтаната, во ресторанот само ја надополнува приказната.  И надворешниот дел и внатрешноста се одликуваат со елегантно уреден простор со големо чувство за естетика.

bakal-ne-e-samo-restoran-tuku-cela-prikazna-01.JPG

Посетителите имаат чувство дека се наоѓаат во некој екстра луксузен ресторан во странство. Покрај амбиентот ваквата слика ја надополнува и услугата и храната во ресторанот. Се е свежо и убаво приготвено. На менито има традиционална храна, интернационална, вегетаријанска, за секого по нешто. Свежо печено јагне, јаре, прасе, свежа риба, деликатеси како подгорче, капама, ѓомлек, но и foie gras,magre, t bone steak, tatar beef и многу повеќе.

Нуди топла, домаќинска атмосфера и извонредна храна што ќе го зачини вашето доживување, без разлика дали се работи за бизнис ручек, тренинг и дружење со вработените,  дружење со пријателите или романтична вечера со партнерот. Во преубавата атмосфера секој деловен состанок се претвора во позитивно искуство и конструктивен разговор.

Интересен детаљ се прекрасните растенија и секако внатрешниот ентериер кој е направен со многу чувство за естетика и пред се со многу љубов.

Доколку сакате да побегнете од градската бучава и да поминете неколку часа во еден уникатен и релаксирачки амбиент,  и да уживате во добрата храна, тогаш ресторанот Бакал е вистинското место за Вас.

bakal-ne-e-samo-restoran-tuku-cela-prikazna-02.jpg

Би можело да ве интересира:

Драстична трансформација на брачен пар од Струмица: Таа ослабела 88kg, a тој 75kg со операција на же... Рахилка Лазаров (29) од Струмица ослабе 88kg - имала 165kg, сопругот ослабе 75kg...
Вирално видео: Нашиот пејач од „Ѕвездите на Гранд“ ја пее „Тајно моја“ на Тоше, среде неговото Круше... „Колку убаво! Браво!!! Песните на Тоше ќе живеат вечно!“, е само еден од комента...
Маја Кикириткова, среде кампување во Хрватска, поради болка во увото на синот посети доктор - за пре... „Лазар од синоќа почна да го боли увото. Денес, отидовме на преглед, каде му нап...
Драган од Радовиш: „Поминаа 10 години откако дојдов во Шведска - знаев само 5-6 Македонци, но држава... „Денес... 10 години откако дојдов во Шведска. Искрено… поминаа како 10 дена. По ...
Каролина Гочева на Сејшели со сопругот Михаил - романтични прошетки на рајскиот остров, чита книга н... „Летото нè повикува“ - напиша Каролина на видеото на Инстаграм Стори, снимено до...
Сара Ѓуроски за одморот во Грција со мало дете: „Немаше мирни утра со кафе, ниту читање на плажа - п... „Мојот распоред сега го води едно мало, радосно торнадо по име Јан, а секој одмо...

Најчитани неделава