Систина офталмологија го промени имиџот на познатиот драматург Братислав Димитров

Познатиот македонски драматург Братислав Димитров се одлучи да го смени својот долгогодишен имиџ кој речиси отсекогаш ги вклучуваше очилата. Тој од неодамна направи ласерска корекција на видот, а својата доверба ја подари на тимот доктори кои работат во Систина офталмологија.

sistina-oftalmologija-go-promeni-imidzot-na-poznatiot-dramaturg-bratislav-dimirtov-01.JPG

„Навистина сум изненаден од брзиот и ефикасен резултат...процедурата траеше многу кратко, неколку минути, за цело време бев во комуникација со докторите, дури и муабетот што го почнавме не успеавме да го довршивме бидејќи интервенцијата заврши“, вели низ смеа Димитров.

Тој се пофали дека сега може да ги чита и најситните букви, но во негов стил додава дека поентата е што се чувствува пред сè подмладен. „Не можев да се пофалам со видот кој го поседував пред операцијата....беше до толку лош што едвај го здогледував слонот во зоолошката градина. Имав еден куп очила и губев време додека ги најдам вистинските. А сега, ете така за помалку од 10 минути, работите драстично се сменија. Нема да кажам дека видот ми е одличен, за да не се урочам. Искуството во болницата беше подобро отколку во сауна, заради прекрасниот тим на доктори во Систина офталмологија“, вели Братислав.

Ласерско отстранување на диоптрија во светот се практикува 29 години и до сега се оперирани преку педесет милиони луѓе.

Во Македонија оваа метода на ласерска корекција на диоптријата успешно ја изведува врвниот и искусен тим на  Систина Офталмологија,   во соработка со најголемата Универзитетска клиника „Свјетлост“ од Загреб. Оваа универзитетска очна клиника е прва во Хрватска, која започна  да работи ласерско отстранување на диоптрија уште пред 17 години и до сега оперирала преку 50 000 очи.

Би можело да ве интересира:

Тон љубов и семејни вредности во фокус: Доктор Горан топи срца со фотосесијата со сопругата и двете ... Доктор Горан направи семејна фотосесија во Германија со своите сакани. Нормално,...
Летното сметање на времето почнува викендов - Во недела ќе спиеме еден час помалку Летното сметање на времето почнува во последниот викенд во март, кога часовникот...
Апел од наш доктор: „Ве молам денар да не давате на 'просјаците' во Клинички центар во Скопје, цела ... „Најсиромашните што движат по Клинички Центар во Скопје, скромни стуткани луѓе с...
Елвир Мекиќ за тешките мигови: „Морав да се грижам за семејството, а престанаа настапите, приходот“ „Морав да се грижам за семејството. Не ми беше тешко да почнам нешто друго да ра...
Драган Спасов Дац со носталгија: „Пиевме вода од градинарско црево, колената ни беа како излезени од... „Не ги чепкај луѓето со педесет + години... Тврди како леб од една недела. Брзи ...
„Мајка ми почина, по погребот јас морав да се појавам во емисијa“ - Димитар Атанасовски за најтешкио... „Мајка ми почина, а дента јас отидов на емисија од 14 до 16 часот. Погребот беше...

Најчитани неделава