CRNOBELO.com со признание за STUBRAND за 2015 година

STUBRAND Macedonia го реализираше првото официјално меѓународно истражување во Република Македонија со цел да се измери перцепцијата или имиџот на брендот кај македонските студенти.

crnobelo-com-so-priznanie-za-stubrand-za-2015-godina-01.jpg

Оваа година, 342 студенти гласаа за 291 бренд поделени во 19 категории производи/услуги.

Брендот CRNOBELO.com има позитивен имиџ од 74%, односно голем степен на емотивна приврзаност кон брендот во категоријата Медиуми и телевизиски провајдери со што студентите и официјално му го доделија признанието за STUBRAND за 2015 година.

Уникатноста на STUBRAND методологијата произлегува пред сè од видот на Ликертовата скала која е употребена за мерење на ставовите на студентите, при што од нив се бара со кликање на една од понудените опции: Love, Like, Neutral, Dislike, Hate и Don’t Know, во најбрз можен рок да ја искажат, првичната и најбрза (импулсивно-емотивна) реакција поврзана со конкретниот бренд.

Имено, одлуката за изборот на тн. “D-T (Delighted-Terrible) скала” или во конкретниот случај “L-H (Love-Hate) скала” е направена бидејќи е најсоодветна за мерење на интензитетот на чувствата/емоциите на клиентите, те. за степенот на нивна емотивна приврзаност кон брендот.

Редакцијата на CRNOBELO.com се заблагодарува на сите студенти кои учествуваа во истражувањето и ја искажаа нивната доверба. Истовремено, испраќаме порака до сите дека ова значајно признание нема да не направи комфорни и дека ние не застануваме тука. Истото ќе претставува мотив плус да продолжиме и понатаму да го правиме CRNOBELO.com централно место за забава, каде што ќе Ви бидат достапни најразновидни содржини кои квалитетно ќе го исполнуваат Вашето време поминато на Интернет.

Би можело да ве интересира:

Бадник во домот на познатите Македонци - паричката кај Слаткар, Маја Кикириткова меси лепче со ќерка... „Среќен Бадник, мир во срцето, топлина дома и светлина во новиот почеток“, напиш...
Сара Ѓуроски за одморот во Грција со мало дете: „Немаше мирни утра со кафе, ниту читање на плажа - п... „Мојот распоред сега го води едно мало, радосно торнадо по име Јан, а секој одмо...
Ѝ ги врзува сандалите, ја храни со школки - Љупка Митрова и сопругот разменуваат нежности на Капри Љупка и Георги како да го живеат својот втор меден месец - разменуваат нежности,...
Македонка со апел: „Не одете периодов во Солун, ни рекоа нема блокади на граница, а едвај поминавме“ „Инаку пред да тргнеме за Солун прашавме и ни кажаа дека ќе нема ограничување на...
„Не ја учев да бидe тивка“ - Миа Перевска дипломираше, татко ѝ Пере од Нокаут и мајка ѝ Александра С... Миа Перевска има неверојатен глас, а сега е и дипломиран аудио инженер. Неј...
Денес е чист понеделник, првите три дена се најстроги - Што треба да знаете за Велигденскиот пост? Велигденскиот пост оваа година почнува денес (23.02), на денот познат како чист ...

Најчитани неделава