Официјално промовиран проектот за интероперабилност за зголемување на квалитетот на административните услуги

Вчера во просториите на ЕУ инфо центарот официјално беше промовиран проектот „Испорака на опрема за платформата за интероперабилност во Министерството за информатичко општество и администрација” Овој проект кој е финансиран од Европската Унија ќе му обезбеди советодавна поддршка на Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА), кое што е одговорно за управување со јавната администрација и за координирање на нејзините реформи.

oficijalno-promoviran-proektot-za-interoperabilnost-za-zgolemuvanje-na-kvalitetot-na-administrativnite-uslugi-1.jpg

Имплементацијата е реализирана од конзорциум на неколку компании, меѓу кои Македонски Телеком како лидер на конзорциумот одговорен за испорака и ставање во функција на системот за интероперабилност во соработка со партнерите Виста Груп и Нехтсенс.

Интероперабилност е еден од најважните проекти, дел од реформата во јавната администрација, со чија имплементација ќе се овозможи подобрување на административните услуги кон граѓаните и компаниите и ќе се придонесе за забрзување на процесот на имплементација на нови електронски услуги како и за развивање на понатамошни алатки за е-општество.. Европската Унија  го финансира овој проект со 1.460.000 евра, а во него се бидат опфатени 15 различни институции: Министерство за информатичко општество и администрација, Министерство за внатрешни работи, Централен регистар на РМ, Агенција за вработување на РМ, Фонд за здравствено осигурување на РМ, Управа за водење матични книги, Министерство за образование и наука, Министерство за труд и социјална политика, Основен суд Скопје 2, Министерство за надворешни работи, Основен суд Скопје 1, Државен завод за статистика, Македонска Академска Истражувачка Мрежа, Царинска управа на РМ, Државна изборна комисија

oficijalno-promoviran-proektot-za-interoperabilnost-za-zgolemuvanje-na-kvalitetot-na-administrativnite-uslugi-2.jpg

“Ни претставува особена чест што „Македонски Телеком“ заедно со партнерите „Виста“ и „Некстсенс“ како конзорциум ја добија довербата на ЕУ што зборува дека ние сме партнер од доверба и можеме да испорачаме и  реализираме проекти кои целосно ќе го сменат и поедностават начинот на работење. Овој проект ги постави основите на е-општеството како , како ситемска магистралата за поврзување и допринесува воза забрзување на процесот на имплементацја на нови електронски услуги на владините институции. Покрај приклучените 15 иснтитуции и повеќе од 60 развиени сервиси помеѓу институциите, на системот испорачан од Телеком со партнерите Виста и Некстсенс,  може дополнително, а едноставно да се приклучат и други институции, односно имплементираат на едноставен начин дополнителни сервиси. Очекуваме да ја поедноставиме употребата на услуги и информации наменети за граѓаните и бизнисите преку примена на трансформативните технологии почнувајќи од интернет мобилна комуникација, па се до социјалната мрежа и работењето во облак“, изјави Слободанка Јакимовска Јосифовиќ, директор на Секторот за дизајн и развој на ИКТ решенија и услуги на Македонски Телеком.

oficijalno-promoviran-proektot-za-interoperabilnost-za-zgolemuvanje-na-kvalitetot-na-administrativnite-uslugi-3.jpg

Преку проектот се обезбеди испорака на хардверска инфраструктура и сервиси кои претставуваат основа за поврзување на сите постоечки и идни процеси, системи и информации во јавната администрација во Република Македонија. Тој претставува сериозен придонес кон понатамошното подобрување на квалитетот на административните услуги за граѓаните и за бизнисите, како и кон развивањето на алатки за е-влада.

oficijalno-promoviran-proektot-za-interoperabilnost-za-zgolemuvanje-na-kvalitetot-na-administrativnite-uslugi-4.jpg

Би можело да ве интересира:

Јелена Спенџарска за зрелоста: „Не одам на настани ако нема каде да седнам, не се оправдувам никому“ „Кога станав човек што се радува на тенџериња и украси за дома? Возрасноста ме и...
Дејан од Куманово ја запроси Викторија во Словенија: „Добив две медала, еден бронзен, а другиот таа ... „После 8 години врска, чувствував дека е вистинскиот момент. Кога клекнав пред н...
Перо Камиказа откри дека Драган. Б. Костиќ бие животна битка: „Звучи подобро, мислата му е бистра“ „Сполај му на Бога, но и волјата за живот, овие денови се слушаме и сè подобро з...
Игор Божиновски именуван за почесен конзул на Австрија во Македонија Вредностите, истрајноста и посветеноста наоѓаат признание.  Вредностите,...
Инфлуенсерката Сандра Кирков храни елени на остров среде Јадранот: „Шетаат слободно, ве пречекуваат ... „Нека ме штипне некој дека стварно го гледам ова со мои очи. И тоа на остро...
Лила Филиповска се врати на работа во хит аутфит со влечки - по патувањето со другарите во Белград „Јас го сакам животот и тој ме сака мене… Едноставно е“, вели Лила Филиповска и ...

Најчитани неделава