Перо Камиказа откри дека Драган. Б. Костиќ бие животна битка: „Звучи подобро, мислата му е бистра“

„Сполај му на Бога, но и волјата за живот, овие денови се слушаме и сè подобро звучи. Мислата му е бистра, и на секое прашање одговара концизно и точно...“, напиша меѓу другото, гитаристот на „Меморија“ на својот Фејсбук.

pero-kamikaza-otkri-deka-dragan-b-kostikj-bie-zhivotna-bitka-zvuchi-podobro-mislata-mu-e-bistra-01.jpg

Гитаристот на „Меморија“ Петар Георгиевски, познат како Перо Камиказа, ја изненади јавноста со својата последна објава на Фејсбук, каде што откри дека омилениот радио-водител на многу генерации, човекот кој стои зад „Диско селектор“ и чиј глас го препознаваме сите, води голема животна битка.

Иако не откри за што точно станува збор и колку долго, Перо напиша дека популарниот водител се чувствува многу подобро и дека во тоа му помага и силната волја за живот.

pero-kamikaza-otkri-deka-dragan-b-kostikj-bie-zhivotna-bitka-zvuchi-podobro-mislata-mu-e-bistra-05.jpg

„Драган. Б. Костиќ овие неколку месеци ја бие животната битката, да се биде или не. Сполај му на Бога, но и волјата за живот, овие денови се слушаме и сè подобро звучи.

Мислата му е бистра, и на секое прашање одговара концизно и точно...

Кога растеш покрај ваков великан, цел живот, радоста кога Бог му ја враќа животната енергија е неизмерна.

Имаме уше многу што да направиме и раскажеме заедно, затоа маестро ти посакувам што побрзо, целосно закрепнување и повторно беседење за сè и сешто.

Сполај ти Боже што ни ги чуваш легендите“, напиша тој.

pero-kamikaza-otkri-deka-dragan-b-kostikj-bie-zhivotna-bitka-zvuchi-podobro-mislata-mu-e-bistra-02_copy.jpg

Неговата објава продолжува со порака добиена на денешен ден, 4 ноември, но која Драган Б. Костиќ му ја испратил во 2018-та година.

„Денес ми излезе ова негово писание, па добив инспирација и јас да кажам некој збор за него.

Драги мој, друже Перо, 4 ноември 2018 година

Велат, на одењето во пензија најмногу се радуваат оние кои не ја сакале својата работа. Па велат, сега ќе одмарале.

А оние кои ја сакале? Па, ќе изберат начин да продолжат да ја работат, вака или онака.

pero-kamikaza-otkri-deka-dragan-b-kostikj-bie-zhivotna-bitka-zvuchi-podobro-mislata-mu-e-bistra-03.jpg

Вака бројката 64 е помалку инвентивно инспиративна од други бројки, на пример 69. Која како и да ја свртиш, пак е исто.

А со 64? Е не може. Бројкава, каква таква, означува нов почеток.

Не мораш, иако си навикнал, да станеш наутро да одиш на работа. Не мораш!

Не мораш ниту на крајот на месецот да размислуваш за плата, колку си работел, толку си заработел, колку си бил умен. Па сега колкава-толкава, на први сигурно ти стасува пензијата.

Е сега, иако не си навикнал, сè почесто, другите околу тебе ќе имаат поважна „егзистенцијална“ работа, па за купување во гранапче или маркет ќе ја преземеш улогата на „пратеник“, бидејќи некој мора, а ти нели не мораш ова, не мораш она... ама нешто ќе мораш. Улогата на „пратеник“ не ти бега.

pero-kamikaza-otkri-deka-dragan-b-kostikj-bie-zhivotna-bitka-zvuchi-podobro-mislata-mu-e-bistra-06.jpg

Ќе треба наследните генерации да ги убедиш дека наследството не се само фирма, стан, куќа, туку и сè поголемиот очекуван џагор во семејната околина од кој зборот ДЕ-ДЕ, ќе ти биде најомилениот.

А што повеќегласно и почесто ќе го слушаш, ќе личиш на надуен горделив паун. Еј... до кај сум стасал. Сè друго ќе ти биде помалку важно.

Не му верувај на гаталец, верувај му на паталец. И кој ужива во тоа што „пати“.

И да не заборавам. Како на еден од моите најдраги пријатели. Нека ти е честит и долговечен, исполнет со здравје, лична и семејна среќа.

Не се памети човек по бројот на годините, туку што оставил во нив. А си оставил. Ама, можеш уште многу. Затоа шишкајќи напред - туркај“.

А. Ј. | Црнобело / фото: Фејсбук

Би можело да ве интересира:

„Броиме чекори и калории, зависни сме од нотификации за попусти“ - Македонка алармира во какви кафез... „Колку чекори направи денес? Дали си го закажа следниот термин за нокти точ...
Јелена Спенџарска изреволтирана: „Пред камери мед и млеко им тече од уста, тие се најчесни - Луѓе, з... „Сигурно познавате личности што пред вас се „ми-ми-ми“, „хи-хи-хи“, а всушност с...
Вирална објава на Македонка: „Кога доаѓаш да живееш во зграда, дали доаѓаш од пештера или нива, треб... „Во зграда не го лупаш лифтот, не пушиш во лифт, не реновираш дома секој ден пос...
Дарко Влогс: „Првата сопруга ме тепаше, изневеруваше, се дрогираше и мене животот ми беше уништен“ Се запознале на брод, каде што Дарко работел, а таа била гостинка, потоа се допи...
„ЖИВОТ ПОВТОРНО“ - Настан организиран од Димитар Радески со цел подигнување на свеста за малигните з... На 19 Април 2026 во НУЦК „Марко Цепенков" - Прилеп ќе се одржи настанот „Живот п...
Трогателни пораки од татко до ќерката Надица (17), која загина во пожарот во Кочани: „Гледам во небо... „Секој ден без тебе е тивко потсетување на тоа колку длабоко те сакаме и колку н...

Најчитани неделава