Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


АДИЛ: Малкумина знаат дека имам завршено два факултети

adil-malkumina-znaat-deka-imam-zavrseno-dva-fakulteti

Непосредно неколку часа пред големиот концерт кој вечерва ќе се случи во спортската сала „Борис Трајковски“ на српските ѕвезди Милица Тодоровиќ и Адил Муксатовиќ, со Адил разговаравме за неговите очекувања.

 Тој вели дека скопската публика треба да се подготви за многу емоции и дека со нетрпение очекува да настапи на големата бина.

 Но, она по кое Адил е доста актуелен овој период е неговиот нов албум кој руши рекорди на социјалните мрежи...

 Нов албум, нови песни, нови хитови...

- Албумот е веќе неколку дена на Јутјуб, а допрва ќе биде пуштен во продажба. На албумот има 9 песни, односно 10 нумери, од кои една е повторена со нов аранжман. Ова музичко дело е работено во Истанбул и се радувам бидејќи на него свиреа едни од најдобрите турски музичари.

Која песна е ваш фаворит од новиот албум?

- Морам да кажам дека песната „Моје си небо“ се издвои уште на почетокот. Сите објавени песни на Јутјуб имаат вообичаени прегледи, но „Моје си небо“ има толку многу прегледи како да има снимено и видеоспот. Навистина е тоа нелогично и невообичаено и ми преставува огромно задоволство. Има тука и други преубави песни. Албумот не е за прво слушање, бидејќи мора да се преслуша внимателно и да заклучите за што се работи.

Ајде да се вратиме неколку години наназад. Кој беше Адил пред да стане ова што е денес?

- Јас сум на естрада од 2008. година, меѓутоа со пеење се занимавам од 2001 година. Меѓутоа покрај тоа што сум пејач, не знам колку знаете или пак не знаете, јас имам завршено два факултетити. Успеав да завршам криминалистичка полициска академија, потоа го завршив и правниот факултет. Морам и да се пофалам дека пред точно 10 дена го одбранив магистерскиот труд на правниот факултет, а тоа ми преставува големо задоволство.

По се изгледа вие сте еден од најобразованите пејачи на српската естрада?

- Па јас мислам дека сум еден од најобразованите пејачи, а мислам дека и Неда Украден има два факултети. Се трудев да не го запоставам и моето образование овие години, сакав да ја збогатам и душата, а не само да го збогатам новчаникот.

Има ли некој на кого би можеле да му кажете „Благодарам“ за тоа што ви помогнал во кариерата?

- Има нормално, не е еден, туку се повеќе. Многу луѓе ми помогнаа, но со совети и убави зборови, а финамсиски никој не ми помогнал. Јас имав среќа во 2008. година да соработувам со менаџерот Саша Обрадовиќ кој е еден од најдобрите во Србија и кој ме запозна со неколку спонзори кои застанаа позади мене финаниски. Исто така морам да се заблагодарам и на Џеј, Синан Сакиќ кои доста ми помогнаа на почетокот од кариерата. Никако не смеам да ја заборавам и Милица Митровиќ која ме повика да пеам на „Фарма“, а тој настап го погледнаа скоро два милиони луѓе.

Знаете ли од прилика колку пати сте гостувале во Македонија?

- Искрен да бидам, можеби се повеќе од 10 пати. Сум бил во Скопје, Охрид, Струмица, Виница и уште неколку други градови.

Што да очекува публиката вечерва?

- Нека очекуваат добра забава, многу емоции. Треба да очекувате солзи, јас ваши, вие мои. Пред се нека се подготват за добар забава, бидејќи ова е новгодишна забава и обавезно ќе ги пеам страите, но и новите хитови. Ќе испеам и неколку песни од моите колеги кои многу ги почитувам.

Покрај вас, на сцената во „Бори Трајковски“ ќе настапи и вашата добра пријателка Милица Тодоровиќ...

- Не можам да кажам дека сме нешто премногу блиски и дека се дружиме, но морам да признаам дека ми е многу драга и многу ја почитувам. Таа е многу добра личност, многу е паметна, скромна, убава и секогаш насмеана. 

Би можело да ве интересира:

Жарко Димоски два дена слави роденден во Грција: Дува свеќички со синот, го изненадија со торта на п... Со изненадувања два дена по ред, едно во ресторан, а друго на плажа, Жарко Димос...
Нашиот Златко Јовановски имаше 2 ревии на Модната недела во Париз: „Носев круна и наметка, сепак сум... „Костумот што го носев на дефилето, беше везен со 99 огледала. Носев и кралска н...
Боса во пустина, елегантна на романтична вечера со сопругот - Каролина и Михаил заљубени во Катар „Минатиот месец ја откривме Доха, ама сликите дури сега дојдоа на ред“ - напиша ...
Ксенија Николова со сопругот во Валенсија, Елена Реи доби огромен букет рози од саканиот: Што прават... Aлександар Михајловски, синот на Тони, во хит видео со хеланки и со задникот во ...
Наташа Фигурела цело лето е на грчки остров: „Првпат дојдов на Миконос во 2004 година и се заљубив в... „Почнав секоја година да доаѓам на Миконос, бидејќи на овој остров се чувствувам...
Лила Филиповска за ракот на дојка: „На син ми му реков - Канцер е, но ќе го средиме, немој да се сек... „Дијагнозата е најтешкото нешто, затоа што кога ќе се каже канцер, како да ти ка...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg