Магнети за фрижидер - најуниверзалниот подарок на светот

Магнетите за фрижидери ни ги чуваат потсетниците, сметките, поканите за родендени, цртежите на децата, списоците за пазарување и сé што често затураме насекаде низ домот...

magneti-za-frizider-najuniverzalniot-podarok-na-svetot-01.jpg

Лесно се станува ентузијастичен колекционер на магнети токму поради големината и карактеристиката на магентите да потсетуваат на нешто што сме го доживеале или што го посакуваме; патувања на познати туристички атракции, предмети кои не засмејуваат, забавуваат или нé мотивираат. Освен што се декоративни и естетски, пактични мали потсетници, магнетите за фрижидери секогаш носат и некаква возбуда за нештата на што нé потсетуваат, авантурите што нé очекуваат или лицата што нé инспирираат или возбудуваат.

Најраните магнети за фрижидери најпрво служеле за документи што најчесто се користат. Во 60 години, магнетите имале улога во едукација на децата дома и на училиште и биле произведувани во облик на бројки и букви од кои може да се креираат зборови или цели цитати.  Вилијам Зимерман го патентирал првиот магнет за фрижидер во 1970 година. Тој всушност ја патентирал идејата магнетите да се користат во декоративна форма која дава автентичност на одредена тема. Од тогаш магнетите се неизостевен дел од колекционерските збирки, а ги има во безброј облици и форми.

Магнетите за фрижидер се толку атрактивни и распространети, што за нив се водат и дискусии на  отворени форуми за дебати околу најретките магнети, најголемите колекции, фотографии, совети и размена на магнети. Магнетите најчесто се изработуваат од пластика, дрво, метал, керамика или принтана фолија, но постојат и рачно изработени магнети кои можете самите да ги направите за своите сакани.

magneti-za-frizider-najuniverzalniot-podarok-na-svetot-02.jpg

Рачно изработените магнети се одличен начин овој 8 март да ги изненадите и да ја искажете љубовта кон дамите во вашиот живот со креирање на слика и порака наменета токму за нив, необичен, интересен и возбудлив начин на искажување на нашата наклонетост и желба да креираме за нив нешто оригинално, несекојдневно и симпатично.

За сите оние кои имаат желба на своите сакани да им подарат магнет со лична фотографија и порака можат на 7 и 8 март во Скопје Сити Мол да го креираат идеалниот магнет за својата сакана.

Најголемата колеција на магнети и припаѓа на Луис Ј. Фринфарб од Лас Вегас, која има околу 600 магнети на својот фрижидер, а останатите 40.000 се распоредени низ нејзиниот дом. Таа има и уште 10.000 копии што ги користи за размена со други колекционери.

Би можело да ве интересира:

Антониа Гиговска и Благица Павловска снимаа спот, шеф Никола го освети домот - Што прават нашите ѕве... Со фотка од снимање спот на која двете изгледаат прекрасно, Антониа Гиговска го ...
Денес почнува божиќниот пост – кои денови се јаде риба, кога се пости на вода и од што да се откажет... Божиќниот пост ќе трае 40 дена, односно од 28 ноември до 6 јануари, во овој пери...
Киро Урдин: Му дадовме уметнички аспект на визуелното решение за 46. издание на ИФФК „Браќа Манаки“ Оваа година мултимедијалниот уметник Киро Урдин е автор на плакатот за 46. издан...
Иџе со љубовна фотка ѝ честита роденден на сопругата: „Најголемата поддршка во мојот живот“ Игор Стефановски Иџе на својот Инстаграм профил објави фотографија полна љубов -...
„Недостасуваш… многу“: Ана Костадиновска, придружниот вокал на ДНК, со сеќавање 40 дена по смртта на... 40 дена по смртта на Панчо, Ана Костадиновска, која беше придружен вокал на ДНК,...
Групација за производство на цигари при Стопанската комора: Предложениот закон за заштита од пушење ... Групацијата за производство на цигари, која е дел од Здружението на производител...

Најчитани неделава